Лигурско Море
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лигурското Море (итал. Mar Ligure; фр. Mer Ligurienne) е ракав на Средоземното Море, помеѓу Италијанската Ривиера (Лигурија и Тоскана) и островите Корзика и Елба. Именувано е по древниот народ Лигури.
Морето копнено се граничи со Италија, Франција и Монако. На исток се граничи со Тиренското Море, а на запад со главнината на Средоземното Море. Најважен град во областа е Џенова. Северозападното крајбрежје е познато по живописниот пејзаж и пријатната клима.
Најсеверниот дел од морето го зафаќа Џеновскиот Залив. Во источниот дел се влева реката Арно, како и многу други реки што извираат од Апенините. На карпестото крајбрежје се сместени пристанишните градови Џенова, Ла Специја и Ливорно. Достигнува длабочина од 2.850 m (северозападно од Корзика).
Водната површина што ја дели Корзика од италијанското копно се нарекува Корзинански Проток. Протокот е широк околу 80 км и го двои Лигурското од Тиренското Море.
Според Меѓународната хидрографска организација, Лигурското Море ги има следниве граници:[1]
На југозапад: Линија од ‘ртот Корс во северна Корзика (9°23' ИГД) до границата помеѓу Франција и Италија (7°31' ИГД).
На југоисток: Линија од ‘ртот Корс до островот Тинето (44°01′N 9°51′E) и потоа преку островите Тино и Палмарија до ‘ртот Сан Пјетро (44°03′N 9°50′E) на италијанското крајбрежје.
На север: Лигурското крајбрежје на Италија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.