Лера
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Лера — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола.
Лера | |
Панорамски поглед на селото | |
Координати 41°6′6″N 21°10′22″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Битола |
Област | Ѓават-Кол |
Население | 110 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7314 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 02069 |
Надм. вис. | 750 м |
Лера на општинската карта Атарот на Лера во рамките на општината | |
Лера на Ризницата |
Еднаш еден богат човек по име Леро Шестокрило се натпреварувал во фрлање на камен со Крали Марко. Бидејќи го натфрлил Марка местото каде паднал каменот на Леро, подоцна било населено со селани и наречено по него - Лера.
Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола, непосредно до реката Шемница.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 750 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 18 километри и се наоѓа непосредно до патот Битола-Ресен.[2]
Атарот зафаќа површина од 13 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 540 хектари, на шумите отпаѓаат 397 хектари, а на обработливото земјиште 290 хектари.[2]
Во XIX век, Лера било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лера имало 520 жители, од кои 180 Македонци христијани и 340 Албанци муслимани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лера имало 592 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци и 200 Албанци.[5]
Лера во 1961 година броело 395 жители, од кои 279 биле Македонци, 68 Албанци и 46 жители Турци, додека во 1994 година бројот на населението се намалил на 153 жители, од кои 86 биле Албанци, а 65 жители Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Лера имало 122 жители, од кои 36 Македонци, 85 Албанци и 1 Србин.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 110 жители, од кои 16 Македонци и 94 Албанци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Лера:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Срби | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | 442 |
1953 | 236 | 81 | 166 | 0 | 1 | 1 | 485 |
1961 | 279 | 68 | 46 | — | 1 | 1 | 395 |
1971 | 258 | 30 | 32 | 0 | 1 | 57 | 378 |
1981 | 312 | 107 | 0 | 19 | 1 | 5 | 444 |
1991 | 168 | 91 | 0 | 10 | 2 | 2 | 273 |
1994 | 65 | 86 | 0 | 0 | 1 | 1 | 153 |
2002 | 36 | 85 | 0 | 0 | 1 | 0 | 122 |
2021 | 16 | 94 | 0 | 0 | 1 | 0 | 110 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Лера е македонско-албанско село.
Македонски родови во селото се:
Албански родови во селото се:
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Кажани, во која влегувале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Маловиште и Лера.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Лера се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Маловиште, Рамна, Ротино, Српци и Цапари.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Во селото постои избирачко место бр. 0210 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Метимир.[8]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 112 гласачи.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 108 гласачи.[10]
До 1951 година од селото имало иселеници во Бугарија (3 семејства), САД (8 семејства), Битола (1 семејство), Австралија (4 семејства) и во Скопје (1 семејство).[16]
Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија) и низ Европа.[17]
До 1957 година многу од албанското население се иселило во Битола и во Турција (20 семејства).[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.