Санкт Петербург (руски: Санкт-Петербург) — еден од најголемите градови во Русија основан од страна на царот Петар Велики во 1703 година. Изграден е на мочурливо земјиште, а за време на неговата изградба загинале илјадници луѓе. Овој град е создаден за да ја отвори Русија за Западот, а во текот на наредните два века тој ја заменил Москва како центар на политичкиот живот во Русија.

Thumb
Каналот Грибоедов со црквата на Христовото Воскресение
Кратки факти Санкт Петербург, Санкт-Петербург ...
Санкт Петербург
Федерален град
Санкт-Петербург
Thumb
ThumbThumb
Thumb
ДржаваРусија
Федерален округСеверозападен[1]
Економски регионСеверозападен[2]
Управа
  ОрганЗаконодавно собрание
  ГувернерГеорги Полтавченко
Површина[3]
  Вкупно1.439 км2 (556 ми2)
Ранг82-ри
Население (2010 Census)[4]
  Вкупно4.848.700
  проц. од (2018)[5]5.351.935 (+10,4%)
  Ранг4th
  Густина3,400/км2 (8,700/ми2)
  Градскo100%
  Селска0%
Час. појасмосковско време Уреди википодатоци[6] (UTC+3)
ISO 3166RU-SPE
Рег. таб.78, 98, 178
Службени јазицируски[7]
Затвори

Низ неговата историја, градот го сменил своето име трипати. За време на Првата светска војна, неговото име е сменето во Петроград. Во советската ера пак, вториот по големина град во СССР го носел името на Ленин - Ленинград. По падот на комунизмот, на градот му е вратено првобитното име, Санкт Петербург, иако неговите жители нагалено го викаат само Петар (Питер).

Потекло на поимот

Петар Велики првично го нарекол градот Санкт Петербург. По почетокот на Првата светска војна, градот бил преименуван во Петроград. На 26 јануари 1924 бил преименуван во Ленинград. На 6 септември 1991 повторно било вратено првобитното име.

Историја

Thumb
Бронзениот коњаник, споменик на Петар Велики

Кон крајот на 17 век, Петар Велики, кој бил заинтересиран за поморските работи, сакал Русија да добие пристаниште со цел да тргува со остатокот од Европа.[8] Тој имал потреба од подобро пристаниште од она кое било главно во земјата во тоа време, Архангелск, кое се наоѓа на Белото Море на крајниот север и било затворено во текот на зимата.

Демографија

Според бројот на жители Санкт Петербург е втор најголем град во Русија. Според пописот од 2010 година, во градот живееле 4.879.566 жители.[4] Етничкиот состав на населението е: Руси 92.5%, Украинци 1.5%, Белоруси 0.9%, Татари 0.7%, Ерменци 0.5%, Евреи 0.5%, Узбеци 0.4%, Таџици 0.3%, Азери 0.3%, Грузијци 0.2%, Молдавци 0.2%, Финци 0.06%.

Thumb
Реката Нева тече низ поголемиот дел од центарот на градот

Административна поделба

Санкт Петербург е поделен на 18 реони:
Thumb
Administrative divisions of the city of Saint Petersburg
  1. Адмиралтејски
  2. Василеостровски
  3. Виборгски
  4. Калинински
  5. Кировски
  6. Колпински
  7. Красногвардејски
  8. Красноселски
  9. Кронштадски
  1. Куротњи
  2. Московски
  3. Невски
  4. Петроградски
  5. Петродворцови
  6. Приморски
  7. Пушкински
  8. Фрунзенски
  9. Централни

Санкт Петербург како тема во уметноста и во популарната култура

Санкт Петербург се јавува како тема и инспирација на бројни дела во уметноста и во популарната култура, како:

  • Бадник над Санкт Петербург“ - книга на Љубомир Јовановски - Кара.[9]
  • „Нешто малку за Петербург“ (Кое-что про Петребург) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1913 година.[10]
  • „Уште Петербург“ (Еще Петербург) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1914 година.[11]
  • „Последната петроградска бајка“ (Последная петербургская сказка) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1916 година.[12]
  • „Ленинград“ - песна на рускиот поет Осип Мандељштам од 1930 година.[13]
  • „Адмирилитетот“ - песна на рускиот поет Осип Мандељштам од 1913 година.[14]
  • „Петербуршки строфи“ - песна на рускиот поет Осип Мандељштам од 1913 година.[15]
  • „Санкт Петербург“ - песна на рускиот поет Олег Охапкин од 1973 година.[16]
  • Крајот на Санкт Петербург – советски филм од 1927 година, во режија на Всеволд Пудовкин.[17]

Во својот роман, „Злосторство и казна“, Фјодор Достоевски го опишува Санкт Петербург на следниов начин: „Ова е град на полулудите. Кога ние би имале наука, тогаш медицинарите, правниците и филозофите би можеле да извршат над Петроград многу драгоцени истражувања, секој во својата струка. Ретко каде ќе се најдат толку мрачни, остри и чудни влијанија врз душата човечка како во Петроград. Колку само значат климатските влијанија! Меѓутоа, тоа е административен центар на Русија и неговиот карактер мора да се одрази на сè.“[18]

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.