From Wikipedia, the free encyclopedia
Лебед A — радиогалаксија, и еден од најснажните радиоизвори на небото. Забележана е од страна на Гроте Ребер во 1939 година. Во 1951 година, Лебед A, заедно со Касиопеја A, и Крма A беа првите „радиоѕвезди“ препознаени од оптички извори. Од овие три, Лебед A станала првата радиогалаксија, додека пак останатите две се маглини во Млечниот Пат.[4] Во 1953 година Роџер Клифтон Џенисон и Мринал Кумар Дас Гупта утврдиле дека станува збор за двоен извор.[5] Како сите радиогалаксии, таа има активно галактичко јадро. Супермасивната црна дупка во јадрото има маса од (2,5±0,7)M☉[3]
Лебед A | |
---|---|
Податоци од набљудување (епоха J2000) | |
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 59м 28,3566с[1] |
Деклинација | +40° 44′ 02,096″[1][2] |
Црв. помест. | 0,056075 ± 0,000067[1][2] |
Оддалеченост | 232[3] Mpc |
Привидна величина (V) | 16,22[1][2] |
Особености | |
Тип | E[1][2] |
Привидна големина (V) | 0,549' × 0,457'[1][2] |
Други ознаки | |
4C 40.40, 2E 4309, CYG A, W 57, BWE 1957+4035, NRAO 620, 1C 19.01, QSO B1957+405, 3C 405, 1RXS J195928.7+404405, 3C 405.0, 2U 1957+40, 3CR 405, LEDA 63932, 4U 1957+40, VV2000c J195928.3+404402, DA 500, MCG+07-41-003, DB 117, Mills 19+4, VV 72,[1] PGC 63932. |
Сликите во галаксијата во радио на електромагнетниот спектар покажуваат два млаза кои произлегуваат во спотивни насоки од Галактичкото Средиште. Овие малзови се протегаат многукратно од должината на матичната галаксија која пак оддава зрачење во видливите бранови должини.[6] На краевите од двата млаза има два полукруга со „жаришта“ со поизразено зрачење отколку на нивните рабови. Овие жаришта се создадени кога материјалот од млазовите се судираат со околната меѓугалактичката средина.[7]
Во 2016 година, беше забележан минлив радиосигнал на растојание од 460 парсеци од центарот на Лебед A. Меѓу 1989 и 2016 година, тело, што се совпаѓало со претходно познат инфрацрвен извор, имал за осумпати зголемување на густината на флуксот, со споредлива сјајност со најсјајната позната супернова. Поради недостаток на мерења во овој период, чекорот на засјајување останува непознат, но телото продолжило да има релативно постојана густина на флуксот од периодот на неговото забележување. Податоците се совпаѓаат со втора супермасивна црна дупка во орбита на другата, при што истата има добиено големо забрзување. Временскиот период е со иста големина како и активноста на примарниот извор, што укажува на фактот дека втората е во растројувања со првата со што се предизвликуваат изливите на материја.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.