мост во Будимпешта From Wikipedia, the free encyclopedia
Ланчен мост, поточно Сечењиев ланчен мост (унгарски: Széchenyi lánchíd) — висечки мост кој се протегна на реката Дунав и ги поврзува Будим и Пешта, западната и источната страна на Будимпешта, главниот град на Унгарија. Мостот е првиот постојан премин преку Дунав во Будимпешта, а бил отворен во 1849 година.
Сечењиев ланчен мост | |
---|---|
Воздушен поглед на мостот. | |
Преминува | Дунав |
Место | Будимпешта |
Официјален назив | Széchenyi Lánchíd |
Други називи | Сечењиев мост |
Особености | |
Вид | ланчен мост од Вилијам Терни Кларк |
Вкуп. должина | 375 м |
Ширина | 12,5 м |
Најдолг распон | 202 м |
Историја | |
Отворен | 21 ноември 1849 |
Местоположба | |
Тој е поврзан со плоштадот Рузвелт во Пешта, во близина на палатата Грешам и зградата на Унгарската академија на науките и уметностите. На будимската страна е поврзан со Адам-Кларковиот, во близина на патото кој води кон замокот Будим.
Мостот е наречен по унгарскиот политичар Иштван Сечењи, кој бил најголем поддржувач на изградбата на мостот. За време на неговата изградба, се броел во како светско чудо. Има огромно значење во економијата и секојдневниот живот на земјата. Неговите декорации направени од леано железо, како и неговата конструкција која зрачи со смиреност и достоинство го издигнува мостот во една од најубавите индустриски монументи на Европа. Тој е симбол на напредок, национално будење како и поврзување на истокот со западот.
Сечењиевиот мост претставува висечки мост и го поврзува Рузвелтовиот плоштад во Пешта со Адам-Калрковиот плоштад во Будим. Градбата е изградена во класичен стил и има два славолака, кои служат како држачи, низ кои се протега мостот долг 375 м, а се поврзани со ланци од двете страни кои служат како дополнителна заштита, поради што истиот се нарекува и Сечењиев ланчен мост. Отворите на арките се широки по 6,5 м, а железната конструкција е со маса која изнесува 2.000 тони.
Од 1776 година за поврзување на бреговите на Будим и Пешта бил користен понтонски мост со 46 држачи. Но, пред почетокот на секоја зима, мостот морал да се расклопи, а повторно можел да се изгради на почетокот на пролетта. Тоа било резултат на големите надојдувања на реката Дунав. Така, за време на зимските месеци двата крајбрежни града не биле поврзани, што ја отежнувало трговијата и слободното движење на жителите на двата града.
Во XIX век дошло не само до политичка потреба за спојување на Будим и Пешта, туку и до урбанистичка. Освен тоа, граѓаните на двата дела од градот ја поддржувале идејата за перманентно спојување на двата брега преку реката Дунав со гламурозен мост, но исто така имало и противници на оваа идеја. Но, сепак унгарските инженери немале некое големо искуство во градење на мостови. Постоеле напори да се изградат и претходно, но поради излевањето на реката Дунав неколкупати, граѓата била уништувана. Освен тоа имало потреба и од висока сума на пари со која би се изградил тој мост. Граѓаните во тоа време немале доволно пари да плаќаат такси па тоа излегло и како дополнителен проблем во оваа идеја.
Главен „виновник“ за подготовката на техничките и економските подготовки за изградба на мостот е грофот Иштван Сечењи. Според него во тој период било од голема важност да се изгради еден постојан мост кој ќе ги поврзува Будим и Пешта. На 10 февруари 1832 година, била отворена дебата каде што било одлучено дека ќе се гради мост. Кога станува збор за економскиот план, вмногу помогнал грофот, кој бил еден од побогатите личности во тоа време во градот, но исто така и граѓаните кои требале да плаќаат такси. Во создавањето на мостот голема улога одиграл и најбогатиот човек во Пешта, турски освојувач на грчките дилери кои се населиле во Унгарија во тој период, Шамар Анастастиј, како и Џорџ Сина кој бил виенски банкар, а подоцна станал и основач на претпријатието Ланчен мост. Барон Едуард бил амбасадор на Кралот на Баварија, но во тој период работел како заменик претседател. Во 1827 година тој го изработил законот, според кој се предвидувало изградба на мостот.[1]
На почетокот од XIX век, железото како градежен материјал се користел само во Англија, додека столбовите на мостовите во остатокот од Европа биле од дрво или камен. Според тоа, никој немал храброст од овие материјали да изгради мост на Дунав, чијашто вода во текот на зимата замрзнува, што во тоа време било реалност, бидејќи дрвените столбови над замрзнатата река не можеле да се одржуваат подолго време.
Иницијативата за изградбата на мостот ја покренал унгарскиот гроф Иштван Сечењи во 1832 година, чијашто цел била да ги привлеченајдобрите градители во тоа време, па за изградбата бил ангажиран англискиот инженер Вилијам Терни Кларк, а за надзорник на изградабта бил ангажиран Адам Кларк. Според нацртот било предвидено мостот да претставува поголема верзија на претходно направениот мост исто од Кларк, преку реката Темза во Марлу, Англија.
Мостот бил отворен во 1849 година и од тогаш тој станува првиот постојан мост во унгарскиот главен град. Во тоа време со со должина од 202 метри, бил еден од најголемите мостови во светот. По два пара лавови биле додадени на почетокот и крајот на мостот во 1852 година. Мостот го добил сегашното име во 1898 година.
Структурата на мостот била целосно ажурирана и зајакната во 1914 година. Во Втората светска војна, мостот беил сериозно оштетен за време на опсадата на Будимпешта. Бил реконструиран во 1949 година и повторно отворен.
Сечењиевиот ланчен мост е една од најславните градби во Будимпешта и претставува симбол на движењето на војската за националниот идентитет.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.