село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Ланга или Љанга (со варијантите Л’ка, Ланка, Л’нга, Л’нка, Лак; грчки: Λάγκα, Ланка) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 14 жители (2021).
Ланга Λάγκα | |
---|---|
Координати: 40°21.1′N 21°4.52′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Рупишта |
Општ. единица | Рупишта |
Надм. вис. | м | 1.040
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 14 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа на 25 км југозападно од Рупишта, во северните пазуви на на планината Одре.[2]
Во XV век во Л’нка по име се заведени 54 глави на домаќинствата.[3] Во османлиските дефтери од средината на XV век Л’нга е спомната со 27 глави на семејствата и еден ерген: Кузман, Никола, Димитри, Мануил, Јанос, Јано, Којо, Димо, Ѓурко, Добри, Михал, Јано, Стајко, Коста, Јано, Добри, Димос, Драгија, Ахил, Јано, Андрија, Ѓурко, Черп (?), Никола, Димо, свештеникот Никола, Стамат и Нихо, и двете вдовици Кала и Евдокија. Вкупниот даночен приход од селото изнесувал 2.366 акчиња.[4]
Селото изворно било населено со Македонци, но подоцна е напуштено и во него се доселиле Грци Качауни од Епир.
На крајот од XIX век Ланга било грчко качаунскоело во Костурската каза.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лянга (Лѫка) имала 850 жители Македонци.[6][7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лак е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 110 куќи.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Ланга имало 800 Македонци, сите под егзархијата.[6][9]
Според Тодор Симовски овие статистики са грешни и селото било населено со Грци Качауни.[5]
Грчка статистика од 1905 г. ја покажува Ланга како село со 300 жители.[10]
Според Георги Константинов Бистрицки Лънга (Лѫка) пред Балканските војни имало 40 грчки куќи,[11] а според Георги Христов и 1 влашка.[12]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Ланга (Λάγγα) имало 60 гркојазични семејства, кои, поради местоположбата на селото, активно учествувале во Грчката вооружена пропаганда.[13]
На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Л’нка е означено како грчко село.[14]
За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 473 жители кои во 1920 г. се намалиле на 416.[5] Населениеето продолжило да опаѓа, па така во 1928 г. во селото се попишани 329 лица.[5]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Црноки | Τσαρνόκι | Анилио | Ἀνήλιο[15] | месност Ј од Ланга |
Глозидон[16] | Γκλόζιδον | Ливадија | Λιβάδια[15] | месност З од Ланга[16] |
Чалма[16] | Τσάλμα | Корфица | Κορφίτσα[15] | врв на Горуша (1.241 м), СИ над Личотер[16] |
Галешово[16] | Γκαλέσοβο | Ласпорема | Λασπόρεμα[15] | река на Одре[16] |
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 561 | 361 | 241 | 78 | 88 | 150 | 110 | 41 | 14 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.