Куче
домашно животно / From Wikipedia, the free encyclopedia
Куче или пес (Canis lupus familiaris)[2] е припитомен подвид на сивиот волк, кучињата се цицачи од редот на Carnivora (ѕверови односно месојади). Кучето е припитомено од човекот и служи како негово милениче. Кучињата се доста интелигентни и освен што служат за домашно милениче тие служат и како чувари на домот и семејството од кое е одгледувано и сл. Според најновите истражувања се смета дека низ цел свет има околу 400 милиони кучиња.[3]
Припитомено куче Период: Late Pleistocene – Recent | |
---|---|
Лабрадор Ретривер | |
припитомен | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Потцарство: | Eumetazoa |
Колено: | Хордати |
Потколено: | ‘Рбетници |
Класа: | Цицачи |
Поткласа: | Живородни цицачи |
Ред: | Carnivora |
Подред: | Кучевидни |
Семејство: | Canidae |
Потсемејство: | Caninae |
Племе: | Canini[1] |
Род: | Canis |
Вид: | C. lupus |
Подвид: | C. l. familiaris |
Триномен назив | |
Canis lupus familiaris | |
Синоними | |
|
Кучето се разввило во стотици различни раси. Мерено од гребенот на кучињата се има заклучено дека има кучиња од неколку инчи како на пример Чивавата па сè до кучиња со неколку стапки како Ирскиот Волчар. Бојата варира најчесто од бела до сива па сè до црна и од кафена до жолто-кафена (темна и светла). И крзното може да им биде доста кратко или пак доста долго, влакната може да им бидат од виткани до прави и мазни па сè до густи и рапави[4]