Кускус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кускус (арап. كسكس, марокански арап. كسكسو), kuskus или ксексу) — северноафриканско[2] јадење направено од кршена тврда (дурум) пченица варена на пареа, со пречник од околу 3 мм,[3] која традиционално се служи со манџа. Слични јадења се подготвуваат од бисерно просо, сирак и други житарки, особено во Сахел, а јадењата од нив понекогаш се нарекуваат и кускус.[4][5] Бисерниот или израелскиот кускус, познат и како птитим, е вид на тестенини.
Кускус со зеленчук | |
Дел од оброкот | главно јадење, прилог или десерт |
---|---|
Место на потекло | Мароко, Алжир, Мавританија, Тунис, Либија |
Главни состојки | семолина |
Енерг. вред. (на ) | 150[1] ккал |
Кускусот е основна храна во магрепската кујна во Алжир, Тунис, Мавританија, Мароко и Либија.[6][7] Често се користи и во Франција, каде што кускусот го вовеле Французите со алжирско потекло и имигранти од Магреб - Алжирци, Мароканци и Тунижани.[8]
Знаењата и вештините поврзани со производство на кускус и подготовка на јадења од него, во Алжир, Мавританија, Мароко и Тунис, во декември 2020 година биле впишани во списокот на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО.[9]