Пареа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пареа — супстанца во гасна фаза на температура пониска од критичната температура,[1] што значи дека пареата може да биде кондензирана во течност со зголемување на притисокот без да се намали неговата температура. Пареата споредена со аеросолот е различна супстанца.[2] Аеросолот е суспензија од ситни чеестички течна, цврста или гасовита материја.[2]
На пример,водата има критична точка на зовривање од 374 °C (647 K),која е и највисоката температура на која течна вода може да постои.Во атмосфера на нормални температури,гасовидната вода (позната како водена пареа) ќе кондензира во течност ако нејзиниот притисок е зголемен доволно.
Пареата може да ко-егзистира со течност или цврста супстанца.Кога ова е вистина,двете фази ќе бидат во рамнотежа и делумниот притисок на гаста ќе се урамнотежи со притисокот на пареата од течноста или цврстата супстанца.[1]