From Wikipedia, the free encyclopedia
Купидон (латински: cupido) - бог на еротиката и љубовта кај Старите Римјани.
Купидон е познат и како Амор, а сличен е на богот Ерос (или Потос) од старогрчката митологија. Тој бил замислен како немирно момче со крилја кое ја следи божицата Венера или Викторија,[1] а претставен е со златен тоболец, со лак и стрела[2]. Овие стрели поттикнувале желба.[2] Неговите стрели се наречени „стрели на страста“, но некои имале и моќ да ги одвратат луѓето од оние кои се во нив вљубени.[3]
Потеклото на Купидон се разликува во различни извори. Само Цицерон споменува три можни потекла: дека тој е син на Меркур и Дијана, син на Меркур и Венера, но и син на Марс) и Венера. Платон спомнува две од тие опции, додека неговиот пандан во старогрчката митологија, Ерос, најчесто е споменуван како син на Хаос, односно дека настанал од него.[1][4]
Со поврзување на различни митови, Апулеј во 2 век п.н.е. ја направил познатата приказна за љубовта на Купидон и Психа,[1] раскажана во неговиот роман „Златното магаре“: Психа била толку убава, што ја обожавале сите луѓе, но поради тоа го предизвикала гневот на божицата Венера. Таа го испратила својот син Купидон со задача да ја натера Психа да се вљуби во најнедостојниот човек. Наместо тоа, Купидон се вљубил во Психа и секоја ноќ почнал да ја посетува како нејзин маж, но никогаш не ѝ се покажал. Сестрите на Психа слушнале за нејзината среќа и ја убедиле да го убие мажот, велејќи дека тој е чудовиште. Ноќта, кога заспал Купидон, Психа се обидела да го убие и дури тогаш го видела во целата негова убавина. Тогаш, Купидон се разбудил и ја напуштил Психа, а таа им се одмаздила на сестрите. Психа го барала саканиот маж низ целата земја, а во меѓувреме, Венера ја барала неа со намера да ја казни. Најпосле, Психа отишла кај Венера и таму била подложена на измачување. Имено, Венера ѝ поставила на Психа неколку тешки задачи, но таа ги извршила со помош на мравите, трската, орелот и кулата. По налог на Венера, Психа слегла во подземниот свет, но при враќањето заспала во смртен сон. Тогаш, Купидон ја спасил саканата, по што Јупитер ги венчал и набргу Психа и Купидон ја добиле ќерката Наслада.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.