Куп на Македонија во кошарка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Купот Благоја Георгиевски - Буштур, познат и по старото име Куп на Македонија, - второто најквалитетно кошаркарско натпреварување во Македонија. Во ова натпреварување најмногу титули има МЗТ Аеродром со единаесет трофеи, кој е и моментален првак.
Оваа статија е за кошаркарското натпреварување. За фудбалското натпреварување, видете Куп на Македонија (фудбал).
Кратки факти Претходен назив, Спорт ...
Моментална сезона или издание:![]() | |
Претходен назив | Куп на Македонија |
---|---|
Спорт | Кошарка |
Основана | 1992 |
Прва сезона | 1993 |
Број на екипи | 8 |
Држава | Македонија |
Тековен првак | МЗТ Аеродром (11. титула) |
Најмногу титули | МЗТ Аеродром (11 титули) |
Поврзани натпреварувања | |
Основач | КФМ |
Портал | mkf.mk |
Затвори
На 11 март 2020 година, на редовна седница на Управниот Одбор при Кошаркарската федерација на Македонија, било заклучено да се промени називот на натпреварувањето од Куп на Македонија во Куп Благоја Георгиевски - Буштур во чест на поранешниот кошаркар, југословенски репрезентативец и спортски работник Благоја Георгиевски кој претходно загинал во сообраќајна несреќа на 29 јануари истата година.[1]