КК МЗТ Скопје
Кошаркарски клуб од Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот ги игра натпреварите во Спортскиот центар Јане Сандански.
Кратки факти МЗТ Скопје Аеродром, Прекар ...
Прекар | Штркови Металци Family | ||
---|---|---|---|
Лига | АБА Лига Прва Дивизија Прва лига мажи | ||
Основан | 9 март 1966; пред 58 години (1966-03-09) | ||
Сала | Спортски центар Јане Сандански | ||
Сала Капацитет | 7,500 | ||
Место | Општина Аеродром, Македонија | ||
Бои на клубот | |||
Претседател | Огнен Христов | ||
Тренер | Драган Николиќ | ||
Прваци | 10 Прва лига мажи 12 Куп на Македонија 6 Суперкуп на Македонија | ||
Дресови | |||
|
Затвори
Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), десет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019, 2021, 2022, 2023), како и единаесет титули во Кошаркарскиот куп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018, 2021, 2023).