Кралство Исланд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралството Исланд (исландски: Konungsríkið Ísland ; дански: Kongeriget Island) била суверена и независна земја со уставна и наследна монархија, основана со Актот за унија со Данска потпишан на 1 декември 1918 година.[1] Траела до 17 јуни 1944 година кога по резултатите од државниот референдум на негово место била основана Република Исланд. [2]
Според Актот за унија со Данска бил воспоставен личен сојуз, и исландскиот монарх бил истовремено и дански монарх.[1] Парламентот на Исланд побарал Данска да го претставува Исланд на меѓународно ниво, а секојдневните прашања биле делегирани на дански ополномоштеник за исландски прашања со седиште во Рејкјавик, а по германската инвазија на Данска во 1940 година бил назначен регент.[1]