Бајконур (космодром)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бајконур (руски: Байконур, казашки: Байқоңыр ғарыш айлағы) — космодром, кој се наоѓа до градот Бајконур во Казахстан. Тој е првиот и најстариот космодром во светот. Се наоѓа во пустинските степи во Казахстан околу 200 км од Аралското Езеро, северно од реката Сир Дарја близу до железничката станица Тјуратам. Космодромот го добил своето име по[градот Бајконур кој е во близина. Космодромската област е позајмена на Федералната вселенска агенција на Русија од страна на казачката влада до 2050 година. Целата област е во форма на елипса која се протега 90 км исток-запад и 85 км север-југ со космодромот на средина. Космодромот бил изграден во 50-тите години на минатиот век од страна на СССР за нивната вселенска програма. Од Бајконур Космотромот е лансиран Восток 1, првото летало кое го управувало човек во историјата на човештвото, а исто така одовде полетал и космонаутот Јуриј Гагарин, првиот човек во вселената.
Космодром Бајконур Байқоңыр ғарыш айлағы | |
---|---|
Гагариновата рампа во Бајконур | |
Општо | |
Аеродромски вид | космодром |
Сопственик/Оператор | Роскосмос |
Служи за | Бајконур |
Местоположба | Казахстан |
Отворен | 5 јуни 1955 (1955-06-05) |
Надм. височина | 295 ст / 90 м |
Координати | 45°58′N 63°18′E |