Козјак (езеро)
вештачко езеро во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Козјак — вештачко езеро во Западна Македонија, најголемо во државата, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно.
- За други значења на поимот Козјак видете на појаснителната страница
Козјак | |
---|---|
Поглед кон Козјак од врвот Фојник, непосредно над селото Брест | |
Подрачје | Општина Македонски Брод |
Координати | 41.8116° СГШ; 21.1661° ИГД / 41.8116; 21.1661 (езеро Козјак) |
Вид | вештачко |
Сливни земји | Македонија |
Најг. должина | 32 км км |
Најг. ширина | 400 м км |
Површина | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“}}13,5 км2 км2 |
Најг. длабочина | 135 м м |
Зафатнина | 0,38 км3 км3 |
Езерото е создадено во 2004 г., кога започнала со работа хидроцентралата „Козјак“, со капацитет од 150 гигават-часови просечно годишно производство на електрична енергија. Целиот акумулациски систем бил проектиран од кинески инженери. Основата на браната е 500 м, а круната или врвот 310 м. Максимална кота на езерото е 469,9 м. Капацитетот на езерото е приближно 0,38 км3 вода.[1]