Класична механика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Класична механика — дел од механиката[а] заснован на Њутновите закони и принципот на релативност на Галилеј. Затоа често се нарекува и „Њутнова механика“. Другиот дел на механиката е квантната механика.
Класичната механика се дели на:
- статика (која ја изучува рамнотежата на телата);
- кинематика (која ги изучува геометриските својства на движењата, без да ги разгледува причините за движењето);
- динамика (која го изучува движењето на телата).
Постојат неколку еквивалентни начини на формално математичко опишување на класичната механика:
- Њутнови закони;
- Лагранжев формализам;
- Хамилтонов формализам;
- Хамилтон-Јакобиев формализам.
Класичната механика дава многу прецизни резултати во рамките на секојдневното искуство. Но, нејзината примена е ограничена на телата чии брзини се далеку помали од брзината на светлината, а нивната големина значително ја надминува таа на атомите и молекулите. Класичната механика што ги изучува телата кои се движат со произволна брзина е релативистичка механика, додека телата чија големина е иста со таа на атомите се предмет на проучување на квантната механика. Квантната теорија на полето ги зема предвид квантните релативистички ефекти.
Како и да е, класичната механика го задржува своето значење бидејќи:
- таа е полесна за разбирање за разлика од останатите теории;
- во поширок дијапазон, таа доволно добро ја опишува реалноста.