Њутнови закони
From Wikipedia, the free encyclopedia
Њутновите закони на движењето (или Њутнови закони на динамиката) се три физички закони кои укажуваат на односот меѓу силите кои дејствуваат на дадено физичко тело и движењето на телото. Првпат се формулирани од страна на Исак Њутн во неговото дело „Математички начела на природната филозофија“ (Philosophiæ Naturalis Principia Mathematica) од 1687 година. Овие закони ја чинат основата на класичната механика.