![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/16/World_line.svg/langmk-640px-World_line.svg.png&w=640&q=50)
Кинематика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинематика (од старогрчки: κινειν, се движи) — во физиката претставува гранка на механиката која го проучува математичкото опишување (со помош на геометријата, алгебрата, математичката анализа итн) на движењата на идеализираните тела (материјална точка, апсолутно тврдо тело, идеална течност), без да ги разгледува причините за тие движења (маса, сила итн.). Основни поими во кинематиката се простор и време. На пример, ако едно тело се движи по кружна линија, тогаш кинематиката претпоставува неопходност од постоење на центростремително забрзување без да појасни каква природа има силата, односно причинителот на забрзувањето. Причините за механичкото движење се предмет на проучување на друга гранка на механиката, а тоа е динамиката.
Се разликува класична кинематика, во која просторните (должински сегменти) и временските (временски интервали) одлики на движењето се сметаат за апсолутни, односно тие не зависат од избраниот појдовен систем и релативноста. Крајните должински сегменти и временски интервали меѓу два настана можат да се менуваат при преодот од еден појдовен систем во друг. Во релативистичката механика наместо одделните поими простор и време се јавува поимот простор-време, во кој како инваријантна величина во однос на Лоренцовата претворба се јавува интервалот.