From Wikipedia, the free encyclopedia
Класичниот либерализам е политичка идеологија и гранка на либерализмот која се залага за слободен пазар и лесе-фер економија; граѓански слободи со владеење на правото со посебен акцент на поединечна автономија, ограничена влада, економска слобода, политичка слобода и слобода на говор. Целосен процут доживеал на почетокот од 18 век, а концептот бил изграден врз идеологија која потекнува најмалку од 13 век во смисла на иберискиот, англо-саксонскиот и средноевропскиот контекст и бил темелник на Американската револуција и пошироко на „Американскиот проект“. [1] [2] [3]
Меѓу луѓето чии идеи влијаеле на класичниот либерализам се Џон Лок, [4] Жан-Батист Сеј, Томас Малтус и Дејвид Рикардо. Класичниот либерализам се потпирал на класичната економија, претежно на економската идеологија која ја застапува Адам Смит во Првата книга од Богатството на народите и на верувањето во природен закон, [5] напредок, [6] и утилитаризам.[7] Во поново време, Фридрих Хајек, Милтон Фридман, Лудвиг фон Мизес, Томас Совел, Џорџ Стиглер и Лари Арнхарт се сметаат за најистакнати застапници на класичниот либерализам.[8] [9]
Класичниот либерализам, за разлика од другите гранки на либерализмот, како на пример социјалниот либерализам, негативно гледа на социјалната политика, оданочувањето и вклученоста на државата во животот на поединците, и се залага за дерегулација.[10] До Големата депресија и подемот на социјалниот либерализам, класичниот либерализам бил познат под името економски либерализам. Како поим, класичниот либерализам се користи како ретроним за да се разграничи претходниот либерализам од 19 век од социјалниот либерализам.[11] Според денешните стандарди, во САД под прост либерализам често се подразбира социјален либерализам, но во Европа и Австралија, простиот либерализам често се поистоветува со класичен либерализам.[12] [13]
Во Соединетите Држави, класичниот либерализам може да се опише како „фискално конзервативен“ и „социјално либерален“. И покрај овој контекст, класичниот либерализам поради централниот принцип на индивидуализам на класичниот либерализам ја отфрла зголемената толеранција на конзервативизмот за протекционизам и склоноста на социјалниот либерализам за колективни групни права. [14] Класичниот либерализам исто така се смета дека е тесно поврзан со десничарскиот либертаризам во САД.[15] Во Европа, либерализмот, без разлика дали е социјален (особено радикален) или конзервативен, сам по себе е класичен либерализам, така што терминот класичен либерализам претежно се однесува на централно-десничарскиот економски либерализам. [16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.