Клара Бартон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Клариса Харлоу Бартон (25 декември 1821 - 12 април 1912 година) била американска медицинска сестра која го основала американскиот Црвен крст. Таа била болничарка во Американската граѓанска војна, учителка и службеник за патенти. Образованието на медицински сестри во тоа време не било формално и таа не посетувала специјализирано училиште за тоа занимање, туку била самоука.[1] Бартон е позната поради нејзината хуманитарна работа и застапување на граѓански права во време кога жените немале право на глас.[2] Таа била вклучена во Националната куќа на славни жени во 1973 година.[3]
Кратки факти Клара Бартон, Роден(а) ...
Клара Бартон | |
---|---|
Фотографија од Џејмс E. Парди (1904) | |
Роден(а) | 25 декември 1821 Северен Оксфорд, Масачусетс, САД |
Занимање | медицинска сестра, хуманитарка, основач и прв претседател на Американскиот Црвен крст |
Затвори