Американска граѓанска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Граѓанската војна за отцепување во Соединетите Држави е внатрешен воен немир во САД во периодот од 1861 до 1865 година. Војната се водела помеѓу две завојувани странки: „Унијата“ (САД), попозната како север, и Конфедеративните членки на Америка, попозната како југ. Со југот владеел Џеферсон Дејвис, а негов помошник бил Роберт Ли, а со северот Абрахам Линколн. Северот владеел со слободните територии и во северот се залагале да не постои расна дискриминација и да се укине ропството на југот.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Граѓанската војна во САД | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Горе лево: Вијијам Старк Розекранц кај Битката кај реката СтоунRiv, Тенеси; горе десно: Конфедератибни заробеници од Битката кај Гетисбург; долу: Битката за утврдувањето на Хиндман, Арканзас |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
САД | Конфедеративни Американски Држави | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Абрахам Линколн, Улизис Грант | Џеферсон Дејвис, Роберт Ли |
||||||
Сила | |||||||
2.200.000 | 1.064.000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
110.000 убиени во акција вкупно 360.000 загинати , 275.200 повредени | 93.000 убиени во акција, вкупно 258.000 загинати, повеќе од 137.000 повредени |
Во земјите од северот било развиено индустриското производство, особено производството на челик. Во северот малубројното црно население било еднакво третирано како и белото население.
За разлика од северот, во земјите на југот поразвиено било земјоделското производство, а на плантажите работело исклучиво црното население коешто било третирано како добиток и сопственост на стопанот.
Абрахам Линколн, којшто бил од Републиканската партија на САД победил на изборите во 1860 година со што станал претседател на САД, но тоа предизвикало огромен гнев кај државите од југот, а со доделувањето на Канзас и Небраска на северот и договорот за укинување на ропството во уште седум сојузни држави тоа било отфрлено, а денот 12 април 1861 година се смета за почеток на граѓанската војна во САД.
Уште во 1861 година е спроведен планот Анаконда, а познати се и офанзивите под имињата Источен театар и Западен театар. За крај на војната се смета 9 април 1865, а војната завршила со победа на северот и со дефинитивно укинување на ропството. Во војната загинале околу 620.000 луѓе, а околу 415.000 биле повредени.
Најпознати битки во раѓанската војна биле:
- Битката кај Гетизбург
- Битката кај Фредериксбург
- Битката за Антиетам (најкрвавата битка во американската историја)
- Опсадата на Атланта