Кит-убиец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кит-убиец (науч. Orcinus orca) или орка — забест кит кој припаѓа на семејството окенаски делфини. Китотовите убијци се среќаваат во сите океани, од ледените региони на Арктик и Антарктик до тропските мориња. Китовите убијци се видови со разновидна исхрана, иако некои поединечни видови често се специјализираат во одредена врста на пленови. Некои се исхрануваат исклучиво со риба, додека другите ловат морски цицачи како што се морски лавови, фоки, моржови па дури и големи китови. Китовите убијци се гледаат како врвни грабливци, изземајќи ги природните.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Кит убиец[1] | |
---|---|
Transient killer whales near Unimak Island, eastern Aleutian Islands, Alaska | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Cetacea |
Подред: | Odontoceti |
Семејство: | Delphinidae |
Род: | Orcinus |
Вид: | O. orca |
Научен назив | |
Orcinus orca Linnaeus, 1758 | |
Orcinus orca range (in blue) | |
Синоними | |
Orca gladiator |
Китовите убијци се високо социјализирани, некои видови се составени од мајински семејни групи коишто се најстабилни од сите животински видови. Нивната софистицирана техника на ловење и вокално држење, коишто се често специфични за посебни групи низ генерациите, опишани како манифестирање на култура.
Меѓународниот сојуз за заштита на природата моментално пристапува на статусот за зачувување на орките како недостаток на податоци, поради веројтноста дека една или повеќе типови на китови убијци се одделни видови. Некои локални видови се сметаат како загрозени или во опасност поради осирумашуање на пленот, загубата на живеалишта, загадување ( со ПХБ), фаќање за паркови со морски цицачи и конфликти со роболовот. Кон крајот на 2005 година китот убиец познат како јужен кит убиец беше ставен на списокот на загрозени видови.
Дивите китови убијци не се сметаат за закана за човекот, иако имало случаи пленикот да биде убие или повреди некои од нивните скротители во морските паркови. Китовите убијци се појавуваат често во митологиите на домородни култури. Во западните култури, има репутација на бестрашен грабливец.