From Wikipedia, the free encyclopedia
Кирибатскиот, или гилбертски јазик (Kiribati, [kiri:ba:s]), е австронезиски јазик и службен јазик во островската република Кирибати. Јазикот е дел од подгрупата на микронезиски јазици и го зборуваат околу 100.000 луѓе. Карактеристично за јазикот е тоа што редоследот на реченицата е прирок-предмет-подмет.
Кирибатски јазик | |
---|---|
Taetae ni kiribati | |
Застапен во | Кирибати Фиџи Маршалски Острови Науру Соломони Тувалу Вануату |
Говорници | >71,500[1] |
Јазично семејство | австронезиско
|
Писмо | кирибатска азбука |
Статус | |
Службен во | Кирибати |
Регулативен орган | Совет за кирибатски јазик |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | gil |
ISO 639-3 | gil |
Зборот „Кирибати“ е локална верзија на името „Гилберт“, името кое го дале првите Европејци кои дошле на островите. „Гилберт“ е всушност презимето на капетанот Томас Гилберт, првиот Европеец кој ги посетил островите во 1788. Официјално јазикот се нарекува кирибатски јазик или te taetae ni Kiribati. Првиот целосен опис за јазикот бил во 1954 во Кирибатско-францускиот речник.
Според Етнолог, кирибатскиот јазик го зборуваат над 71.500 жители, од кои 58.000 жители се во Кирибати или 97.2% од вкупното население на државата. Сепак податоците на Етнолог се од 1987 година па така денес бројката можеби е поголема. Останатите лица кои го зборуваат јазик живеат на островот Нуи во Тувалу, островот Раби и атолот Мили во Маршалските Острови и останати острови во Соломонските Острови, Вануату или Нов Зеланд. Целосната бројка поделена по држави изгледа вака:
Кирибатскиот јазик има две дијалектни групи: северни и јужни дијалекти. Северните дијалекти се протегаат од Бутаритари, јужно кон Ноноути и го опфаќаат главниот остров во државата - Тарава. Останатите острови се дел од јужните дијалекти, од Табитеуеја до Арорае. Подетално, кирибатскиот јазик ги има следните дијалекти:
Главните разлики помеѓу овие дијалекти е во изговорот на зборовите, поточна на 't' пред 'u'. Во северните дијалекти, 't' се изговара како /s/ пред 'u', исто како што се изговара пред 'i'. Од другата страна пак, во јужните дијалекти, 't' се изговара како /t/ пред 'u', исто како пред сите останати самогласки освен 'i'. Покрај оваа фонолошка разлика, постојат и некои разлики во зборовниот фонд:
северни дијалекти | јужни дијалекти | македонски |
---|---|---|
ngke | ngkoe | 'ти' |
itua | itiua | 'седум' |
wanua | waniua | 'осум' |
na | naba | 'исто така' |
kunuu | kuniu | 'моја кожа' |
Островите Бутаритари и Макин имаат свои дијалекти, кои се разликуваат во изговорот и зборовите.
|
Друга карактеристична разлика меѓу кирибатските дијалекти и бутаритариско-макинскиот дијалект е изговорот на членот 'te'. Во бутаритарско-макинскиот дијалект членот 'te' се изговара како /ta/ пред именки кои започнуваат на 'ka' и 'nga'.
|
Кирибатскиот јазик се пишува со азбука заснована на латиницата. Азбуката потекнува од 1840 година кога Хирман Бингам II ја создал за да ја преведе Библијата на кирибатски. Пред да се создаде оваа азбука, кирибатскиот не бил пишан јазик. Интересно за азбуката е тоа што буквата s не се користи, а за тој глас се користи диграфот ti.
При преводот на Библијата, преведувачот имал тешкотии да го преведе зборот „планина“ на кирибатски бидејќи луѓето не знаеле што е тоа. Наместо зборот „планина“ бил искористен зборот „рид“. Кирибатската азбука има 13 букви, но повеќе од 13 гласови.
Кирибатскиот јазик располага со десет согласки и десет самогласки, од кои пет се кратки а пет долги самогласки.[3]
|
|
Должината на гласовите важи за самогласките и носовките, но не и за останатите гласови. Така на пример има ana (член за 3 л. ед.) наспроти aana ('тоа е на долната страна'), како и anna ('сува земја'). Покрај овие, во јазикот постојат и следните парови:[4]
кратки | долги |
---|---|
te ben ('зрел кокос') | te been ('пенкало') |
ti (наставка за 1 лице) | tii ('само') |
on ('целосно') | oon ('желки') |
te atu ('сноп') | te atuu ('глава') |
tuanga ('да кажеш некому') | tuangnga ('каже') |
Во кирибатскиот јазик, пред именките во единина секогаш се користи членот 'te', освен пред имиња, топоними или присвојни заменки. Членот 'te' искажува единина, не искажува определеност и нема свој еквивалент во македонскиот или англискиот јазик. Определеноста се искажува со показни заменки.
Кога членот се користи пред течности или збирни именки, тогаш може да се преведе како „некое“, „неколку“.
Членот 'te' се користи пред придавки или глаголи за да направи од нив именки.
Во јазикот има мала група именки кои се исклучок од општото правило и за нив не се користи членот. Овие именки означуваат нешто што е уникатно, и тие се: taai (сонце), nam'akaina (месечина), karawa (рај, небо), marawa (море), aonnaba (земја), taari (море), moone (пекол). Во случај овие именки да имаат член, тогаш нивното значење е променето: te taai (лупа), te nam'akaina (месец), te taari (сол) или te marawa (океан [некој точно одреден]). Исто така страните од светот не се членуваат.
Членот 'taian' може да се смета како множинска форма на членот 'te'. Овој член може да се користи пред секоја бројлива именка за да се покаже дена има повеќе од едно нешто.
Употребата на овој член е опционална, за разлика од членот 'te' кој треба да се користи. Множината на именката може да се одреди и со показни заменки или со преодни предмети.
Некои именки во множина имаат подолги самогласки, но после членот 'taian' нема присуство на долги самогласки. На членот 'taian' се додава буквата 'i' пред именки кои почнуваат на глас кој фонетски не одговара со '-n'.
Фразата 'te naa n' не е член, но често се користи како замена за 'taian' пред именки во множина, во смисла „група“.
Понекогаш во јазикот се користат членови пред имиња, што би било еднакво со „господин“ или „госпоѓа“. Ваквата употреба денес е помалку застапена, во однос на минатото. За именките во женски род се користи 'nei' (пр. Nei Ioanna, Г-ца Јована).За имињата од машки род се користат членовите 'te', 'tem', 'ten' или 'teng' во зависност од првата буква на името. Забележана е следната употреба:
За разлика од овие стандардни форми, во бутаритарско-макинскиот дијалект се користат 'na', 'nan', 'nam' и 'nang'.
Во кирибатскиот јазик има три вида на показни заменки, за разлика од македонскиот и англискиот кои имаат по два вида. Во јазикот постојат показни заменки да се одреди далечината на еден предмет во однос на некој друг и трите вида се: показни заменки за предмети кои се блиску до мене, показни заменки за предмети кои се блиску до тебе и показни заменки за предмети кои се далеку од нас. Најчесто се користат првиот и третиот вид.
|
|
Показните заменки се користат по именката. Покрај местоположбата, показните заменки може да означат и временска дистанца, или да се означи нешто што се случило непосредно пред моментот на зборување.
Покрај горе споменатите показни заменки, во кирибатскиот јазик има и показни заменки кои се користат само за лица. Во јазикот има показни заменки за лица за машки и женски род во еднина, но општи/ машки показни заменки за множина, односно општи заменки кои може да се користат за луѓе, мажи и жени во множина.
|
|
|
|
Овие показни заменки се користат исто како именките.
Во кирибатскиот јазик опстојуваат и паралелни показни заменки, често именувани како „неутрални показни заменки“.
|
|
Овие заменки се користат како именките. По желба може да се користи членот за еднина, но не се користат со овие заменки членот за множина и присвојните заменки.
Во случаи кога треба да се користи присвојната заменка, тогаш може да се користат формите на нормалните показни заменки.
Во кирибатскиот јазик има неколку основни предлози и нивната употреба е ограничена. Основните предлози се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.