From Wikipedia, the free encyclopedia
Кинескиот зодијак е заснован врз циклус од 12 години. Секоја година од тој циклус е именувана според едно животно, а секое животно има различни одлики.
Кинескиот хороскоп го користи кинескиот календар, кој е различен од оној што го користи западната астрологија.
Европејците отсекогаш биле повеќе заинтересирани за интригантната предвидувачка алатка, „Книгата на промени“ или „И Чинг“, отколку за кинеската астрологија. Релативната географска изолација на Кина го оправдува ова. Но, интересно е дека наталната астрологија се развила во Кина во времето околу преминот кон новата ера, значиво исто време кога на запад ја развиле Грците и Персијците.
Најстариот за нас познат кинески астролог е Веи Нинг, кој е роден меѓу 550 и 589 година, но речиси ништо не е познато за неговиот придонес, ниту за неговите претходници или наследници.[1]
Древните кинески астрономи ги нарекле петте најблиски планети според имињата на петте елементи:
Системот од дванаесет годишен циклус на животни бил создаден според орбитата на Јупитер. Следејќи ја орбитата на Јупитер околу Сонцето, кинеските астролози го поделиле небесниот круг на 12 делови, заокружени во 12 години.
Годишниот циклус ги содржи петте елементи (дрво, оган, земја, метал и вода) во нивните јин и јанг форми. Годините односно знаците се наречени според 12-те животни: Глушец, Вол, Тигар, Зајак, Змеј, Змија, Коњ, Коза, Мајмун, Петел, Куче и Свиња.
Комбинирањето на сето ова дава 60-годишен циклус, кој започнува со „Јанг Дрвен Глушец“ и завршува со „Јин Водена Свиња“. Годината која завршува со парен број е „јанг“, а со непарен е „јин“. Овој циклус тече на овој начин:
Кинескиот зодијак го следи кинескиот календар, каде Нова година не е на 1 јануари како што е случај со грегоријанскиот календар. Според тоа, некој што е роден во јануари или на почетокот на февруари, според кинескиот хороскоп се смета како да е роден во претходната година.
Нареднава табела го содржи еден 60-годишен циклус, од 1924 - 2043 година.
Забелешка: Кинеските симболи во табелата за знаците се користат само во астрологијата.
Година | Симболичен | Небесна | Земјена | Симболично | Година | |
---|---|---|---|---|---|---|
1924 - 1983 | елемент | основа | гранка | животно | 1984 - 2043 | |
1 | 05 фев 1924 - 23 јан 1925 | јанг дрво | 甲 | 子 | Глушец | 02 фев 1984 - 19 фев 1985 |
2 | 24 јан 1925 - 11 фев 1926 | јин дрво | 乙 | 丑 | Вол | 20 фев 1985 - 08 фев 1986 |
3 | 12 фев 1926 - 01 фев 1927 | јанг оган | 丙 | 寅 | Тигар | 09 фев 1986 - 28 јан 1987 |
4 | 02 фев 1927 - 21 јан 1928 | јин оган | 丁 | 卯 | Зајак | 29 јан 1987 - 16 фев 1988 |
5 | 22 јан 1928 - 08 фев 1929 | јанг земја | 戊 | 辰 | Змеј | 17 фев 1988 - 05 фев 1989 |
6 | 09 фев 1929 - 28 јан 1930 | јин земја | 己 | 巳 | Змија | 06 фев 1989 - 26 јан 1990 |
7 | 29 јан 1930 - 16 фев 1931 | јанг метал | 庚 | 午 | Коњ | 27 јан 1990 - 14 фев 1991 |
8 | 17 фев 1931 - 05 фев 1932 | јин метал | 辛 | 未 | Коза | 15 фев 1991 - 03 фев 1992 |
9 | 06 фев 1932 - 24 јан 1933 | јанг вода | 壬 | 申 | Мајмун | 04 фев 1992 - 22 јан 1993 |
10 | 25 јан 1933 - 13 фев 1934 | јин вода | 癸 | 酉 | Петел | 23 јан 1993 - 09 фев 1994 |
11 | 14 фев 1934 - 02 фев 1935 | јанг дрво | 甲 | 戌 | Куче | 10 фев 1994 - 30 јан 1995 |
12 | 03 фев 1935 - 23 јан 1936 | јин дрво | 乙 | 亥 | Свиња | 31 јан 1995 - 18 фев 1996 |
13 | 24 јан 1936 - 10 фев 1937 | јанг оган | 丙 | 子 | Глушец | 19 фев 1996 - 06 фев 1997 |
14 | 11 фев 1937 - 30 јан 1938 | јин оган | 丁 | 丑 | Вол | 07 фев 1997 - 27 јан 1998 |
15 | 31 јан 1938 - 18 фев 1939 | јанг земја | 戊 | 寅 | Тигар | 28 јан 1998 - 15 фев 1999 |
16 | 19 фев 1939 - 07 фев 1940 | јин земја | 己 | 卯 | Зајак | 16 фев 1999 - 04 фев 2000 |
17 | 08 фев 1940 - 26 јан 1941 | јанг метал | 庚 | 辰 | Змеј | 05 фев 2000 - 23 јан 2001 |
18 | 27 јан 1941 - 14 фев 1942 | јин метал | 辛 | 巳 | Змија | 24 јан 2001 - 11 фев 2002 |
19 | 15 фев 1942 - 03 фев 1943 | јанг вода | 壬 | 午 | Коњ | 12 фев 2002 - 31 јан 2003 |
20 | 04 фев 1943 - 24 јан 1944 | јин вода | 癸 | 未 | Коза | 01 фев 2003 - 21 јан 2004 |
21 | 25 јан 1944 - 11 фев 1945 | јанг дрво | 甲 | 申 | Мајмун | 22 јан 2004 - 08 фев 2005 |
22 | 12 фев 1945 - 01 фев 1946 | јин дрво | 乙 | 酉 | Петел | 09 фев 2005 - 28 јан 2006 |
23 | 02 фев 1946 - 21 јан 1947 | јанг оган | 丙 | 戌 | Куче | 29 јан 2006 - 17 фев 2007 |
24 | 22 јан 1947 - 09 фев 1948 | јин оган | 丁 | 亥 | Свиња | 18 фев 2007 - 06 фев 2008 |
25 | 10 фев 1948 - 28 јан 1949 | јанг земја | 戊 | 子 | Глушец | 07 фев 2008 - 25 јан 2009 |
26 | 29 јан 1949 - 15 фев 1950 | јин земја | 己 | 丑 | Вол | 26 јан 2009 - 13 фев 2010 |
27 | 16 фев 1950 - 05 фев 1951 | јанг метал | 庚 | 寅 | Тигар | 14 фев 2010 - 02 фев 2011 |
28 | 06 фев 1951 - 25 јан 1952 | јин метал | 辛 | 卯 | Зајак | 03 фев 2011 - 22 јан 2012 |
29 | 26 јан 1952 - 13 фев 1953 | јанг вода | 壬 | 辰 | Змеј | 23 јан 2012 - 09 фев 2013 |
30 | 14 фев 1953 - 02 фев 1954 | јин вода | 癸 | 巳 | Змија | 10 фев 2013 - 30 јан 2014 |
31 | 03 фев 1954 - 23 јан 1955 | јанг дрво | 甲 | 午 | Коњ | 31 јан 2014 - 18 фев 2015 |
32 | 24 јан 1955 - 10 фев 1956 | јин дрво | 乙 | 未 | Коза | 19 фев 2015 - 07 фев 2016 |
33 | 11 фев 1956 - 29 јан 1957 | јанг оган | 丙 | 申 | Мајмун | 08 фев 2016 - 27 јан 2017 |
34 | 30 јан 1957 - 17 фев 1958 | јин оган | 丁 | 酉 | Петел | 28 јан 2017 - 18 фев 2018 |
35 | 18 фев 1958 - 06 фев 1959 | јанг земја | 戊 | 戌 | Куче | 19 фев 2018 - 04 фев 2019 |
36 | 07 фев 1959 - 27 јан 1960 | јин земја | 己 | 亥 | Свиња | 05 фев 2019 - 24 јан 2020 |
37 | 28 јан 1960 - 14 фев 1961 | јанг метал | 庚 | 子 | Глушец | 25 јан 2020 - 11 фев 2021 |
38 | 15 фев 1961 - 04 фев 1962 | јин метал | 辛 | 丑 | Вол | 12 фев 2021 - 31 јан 2022 |
39 | 05 фев 1962 - 24 јан 1963 | јанг вода | 壬 | 寅 | Тигар | 01 фев 2022 - 21 јан 2023 |
40 | 25 јан 1963 - 12 фев 1964 | јин вода | 癸 | 卯 | Зајак | 22 јан 2023 - 09 фев 2024 |
41 | 13 фев 1964 - 31 јан 1965 | јанг дрво | 甲 | 辰 | Змеј | 10 фев 2024 - 28 јан 2025 |
42 | 01 фев 1965 - 20 јан 1966 | јин дрво | 乙 | 巳 | Змија | 29 јан 2025 - 16 фев 2026 |
43 | 21 јан 1966 - 08 фев 1967 | јанг оган | 丙 | 午 | Коњ | 17 фев 2026 - 05 фев 2027 |
44 | 09 фев 1967 - 29 јан 1968 | јин оган | 丁 | 未 | Коза | 06 фев 2027 - 25 јан 2028 |
45 | 30 јан 1968 - 15 фев 1969 | јанг земја | 戊 | 申 | Мајмун | 26 јан 2028 - 12 фев 2029 |
46 | 16 фев 1969 - 05 фев 1970 | јин земја | 己 | 酉 | Петел | 13 фев 2029 - 02 фев 2030 |
47 | 06 фев 1970 - 25 јан 1971 | јанг метал | 庚 | 戌 | Куче | 03 фев 2030 - 22 јан 2031 |
48 | 26 јан 1971 - 14 фев 1972 | јин метал | 辛 | 亥 | Свиња | 23 јан 2031 - 10 фев 2032 |
49 | 15 фев 1972 - 02 фев 1973 | јанг вода | 壬 | 子 | Глушец | 11 фев 2032 - 30 јан 2033 |
50 | 03 фев 1973 - 23 јан 1974 | јин вода | 癸 | 丑 | Вол | 31 јан 2033 - 18 фев 2034 |
51 | 24 јан 1974 - 10 фев 1975 | јанг дрво | 甲 | 寅 | Тигар | 19 фев 2034 - 07 фев 2035 |
52 | 11 фев 1975 - 30 јан 1976 | јин дрво | 乙 | 卯 | Зајак | 08 фев 2035 - 27 јан 2036 |
53 | 31 јан 1976 - 17 фев 1977 | јанг оган | 丙 | 辰 | Змеј | 28 јан 2036 - 14 фев 2037 |
54 | 18 фев 1977 - 06 фев 1978 | јин оган | 丁 | 巳 | Змија | 15 фев 2037 - 03 фев 2038 |
55 | 07 фев 1978 - 27 јан 1979 | јанг земја | 戊 | 午 | Коњ | 04 фев 2038 - 23 јан 2039 |
56 | 28 јан 1979 - 15 фев 1980 | јин земја | 己 | 未 | Коза | 24 јан 2039 - 11 фев 2040 |
57 | 16 фев 1980 - 04 фев 1981 | јанг метал | 庚 | 申 | Мајмун | 12 фев 2040 - 31 јан 2041 |
58 | 05 фев 1981 - 24 јан 1982 | јин метал | 辛 | 酉 | Петел | 01 фев 2041 - 21 јан 2042 |
59 | 25 јан 1982 - 12 фев 1983 | јанг вода | 壬 | 戌 | Куче | 22 јан 2042 - 09 фев 2043 |
60 | 13 фев 1983 - 01 фев 1984 | јин вода | 癸 | 亥 | Свиња | 10 фев 2043 - 29 јан 2044 |
Главна статија: Петте елементи
Според теоријата на „Ву сјинг“, структурата на вселената ги одразува петте елементи. Секој елемент има серија од сложени асоцијации. Доктрината на петте фази во себе содржи два циклуса: создавање и уништување. Тоа се циклусите на балансирање, кои претставуваат јин и јанг – премин на енергијата од добро во зло.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.