From Wikipedia, the free encyclopedia
Мундана астрологија е употребата на астрологијата за предвидување на светските настани (војни, револуции, промена на влади, глад, економски просперитет или кризи, земјотреси), а името доаѓа од латинскиот збор Mundus, со значење „свет“. Мунданата астрологија се смета за најстара гранка на астрологијата. Во среден век мунданата астрологија била позната како студија за револуцијата - со значење: студија за револуцијата на планетите по нивните орбити околу Земјата, бидејќи се сметало дека сè се врти околу Земјата.
Во книгата на Птоломеј „Тетра Библос“, од 2 век, објаснета е посебноста на сите народи, а со тоа и нивната сродност со одредени зодијачки знаци. Птоломеј вели дека разноликоста на сите земји доаѓа од координатите и аглите кои се создаваат со Сонцето. Птоломеј вели:
„ | Целиот населен свет е поделен на четири дела. Земјата по ширина е поделена на со линија која оди по Средоземно Море, од Херкуловата врата и Изиканскиот Залив, и продолжува по планините кон исток. По должина е поделена со линијата која иде долж Арапскиот Залив, Егејското Море и Меотското Езеро. | “ |
Птоломеј натаму ја сместува Европа и земјите кои постоеле тоа време во северозападниот квадрант, кој според него е во релација со знаците Овен, Лав и Стрелец, и вели дека од сите земји, само Британија и Германија имаат сличност со Овенот и неговиот владетел Марс (астрологија): нивните жители се воинствени, диви и храбри. И така натаму.
Зачудувачки е фактот што Британија и Германија до денес се под влијание на транзитите на големите планети низ знакот Овен.
Новооткриените земји, и оние кои се формирани во поново време, исто така имаат свој хороскоп. Датумот и часот на прогласувањето на независноста на Америка, на пример, го одредува хороскопот на САД, а бидејќи знакот Близнаци во тој момент се наоѓал на асцедент (односно подзнак), тие ѝ го даваат карактерот и идентитетот на новата нација.
Еве еден пример: подзнакот на градот Лондон се наоѓа на 17°54` во Близнаци, а тоа го утврдил во 17 век познатиот астролог Вилијам Лили. Тој забележал дека ѕвездата наречена Бета Таурусили Белатрикс се приближува до асцедентот на Лондон, и 15 години порано го предвидел големиот пожар. Кога Белатрикс била на 17°20`, почнало да се чувствува нејзиното влијание. Најпрво во Лондон избила чума, потоа граѓанска војна, а кога Белатрикс дошла на 17°40`, на кралот му е отсечена главата. Кога Белатрикс поминала точно на 17°54`, Лондон изгорел во пожар.[1]
Еве список на некои од најкарактеристичните поделби на земјите и градовите според зодијачките знаци:
Роденденот на Македонија - 8 септември, ја сместува во знакот Девица.
За да се изработи хороскоп на некоја земја, треба да го знаеме точниот датум и часот на прогласување независност или создавање на државата. Годишен хороскоп за земјата се работи на влегувањето на Сонцето на 0° Овен. Со тоа започнува новата мундана година. Се анализира поставеноста на планетите, знаците кои влегуваат во одредени полиња, и секако - аспектите меѓу планетите. Важни показатели на настани се фиксните ѕвезди, но само доколку прават аспект во рамките на еден степен.
Значењето на планетите во мунданата астрологија:
Како и во наталната карта која се изработува за луѓето, така и во хороскопот на земјата постојат 12 хороскопски куќи или полиња. Нивното значење е:
Прво поле - народот, општа состојба во земјата.
Второ поле - националната финансиска состојба.
Трето поле - сообраќајот во земјата, транспортот и сите видови комуникации.
Четврто поле - интересите на земјата, но и опозицијата на владата.
Петто поле - школите, децата, образованието, театрите, концертните и спортските сали, сите места кои служат за забава.
Шесто поле - здравјето и физичката кондиција пред сè на работниците и војската.
Седмо поле - проблеми и односи со странските земји, судири и војни.
Осмо поле - степенот на смртност воопшто.
Деветто поле - судовите, свештенството, религијата, надворешната трговија, науката и филозофијата.
Десетто поле - го претставува владетелот на земјата (крал, претседател), владата или кралското семејство, националната репутација на државата.
Единаесетто поле - парламентот, војската, пријателите на народот и донесувањето на законите.
Дванаесетто поле - затвори, логори, болници, тајни организации, криминал, шпијони, тајни служби.
Горан Милекиќ, „Мундана астрологија“, 1987, Белград.
Николас Кампион, „Книга за хороскопот на светот“, Аквариан Прес, Лондон, 1988.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.