КикоРики
From Wikipedia, the free encyclopedia
КикоРики,[1] познато во САД како ГоГоРики или БалунТунс, оригиналното руско име: Smeshariki (руски: Смешарики), е руска анимирана телевизиска серија составена од 307 епизоди од по 6 минути и 30 секунди (и 11 минути), наменета за деца од 3 до 8 години.[2] Оваа серија користи и флеш анимација и компјутерска анимација (најчесто).
КикоРики | |
---|---|
Жанр | драма, комедија, сатира, семеен филм |
Сценарио на | Алексеј Лебедев Светлана Мардаголимова Дмитриј Јаковенко |
Режирана од | Денис Чернов Константин Бирјуков други |
Гласови на | (Види статија) |
Композитор(и) | Марина Ланда Сергеј Васиљев |
Земја на потекло | Русија |
Првичен јазик | Руски |
Бр. на сезони | 4 |
Бр. на епизоди | 406 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Јулија Николаева |
Продуцент(и) | Илја Попов Александар Герасимов Вјачеслав Мајасов |
Времетраење | 6 минути (сезони 1–2, 4) 11 минути (сезона 3) |
Продукциска куќа | Групата Рики Студио за анимација во Петербург |
Прикажување | |
Првична мрежа | STS Русија 1 КиноПоиск |
Хронологија | |
Слични програми | БебеРики |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | smeshariki.ru |
Првата епизода била премиерно прикажана во Русија на 22 декември 2003 година. КикоРики се стилизирани заоблени животни. Руското име, Смешарики, е портманто на зборовите смешные, „смешни“ и шарики, „мали топчиња“. Серијата обработува сложени теми и специфични културни референци. Се емитува во 60 земји, преведена е на 15 јазици и има секојдневна публика од 50 милиони луѓе. Бројот на гледаност во Кина ја надминува гледаноста во Русија.[3] Од 2020 година, епизодите денес се достапни на КиноПоиск во Русија.