Телевизиска програма
From Wikipedia, the free encyclopedia
Телевизиска програма или телевизиско шоу е дел од содржина која се емитува на телевизија. Емитувањето може да биде еднократно или дел од периодично повторливи телевизиски серии.
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Телевизиска серија која се емитува во ограничен број епизоди најчесто се нарекува мини-серија или серијал (иако вториот термин има и други значења). Во Соединетите Држави (САД) и Канада, тоа што трае пократко од една година е познато како сезона , а во Обединетото Кралство (ОК) и остатокот од земјите на ПАЛ како серии. Обично, овие сезони или серии содржат од 12 до 26 телевизиски епизоди во САД, а во ОК не постои определена должина. Индустријата во САД е склона да фаворизира сезони кои се подолги од оние во другите земји. Поединечното илустрирање на програмата се вика епизода, иако особено во САД ова исто така се нарекува “шоу” или "програма", а во Велика Британија и Ирска "програма". Еднократно емитување особено во САД и земјите кои се под нејзино влијание може да се вика "посебна" или особено во ОК "посебна епизода". Телевизиски филм или во ОК телевизиски филм (филм произведен за на телевизија) е филм кој почетно се емитува на телевизија наместо да се емитува во кино, иако многу успешни филмови подоцна се објавуваат во ДВД издание.
Денес, рекламите играат голема улога во телевизиската програма. Во некои земји како еден час да содржи дури до 15 минутно рекламирање. Спротивно од ова, британската емитувачка корпорација Би-Би-Си( BBC - British Broadcasting Corporation) , во ОК не емитува реклами, со исклучок на тоа што ја најавува својата програма. Тие се појавуваат помеѓу и пред крајот на програмата, но не во средина на програмата, повеќе како јавниот емитувачки сервис Пи-Би-Ес (PBS - Public Bradcasting Service) во САД и австралиската емитувачка корпорација Еј-Би-Си (ABC - Australian Broadcasting Corporation) во Австралија. Бројот на рекламни прекини може да варира. На пример, Јапонската телевизија има помалку, но подолги комерцијални паузи , додека Американската телевизија има неколку поопширни реклами преку целата програма. Ова бара авторите да понудат посуптилен прекин, како и да ја задржат публиката да не го менува каналот.