Кибервојна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кибервојна или информатичка војна — политички мотивирано пробивање преку семрежјето со цел да се спроведе саботажа и шпионажа. Кибервојната е форма на информациска војна која понекогаш се гледа како аналогија на конвенционалното војување[1], иако оваа аналогија е контроверзна и од страна на точноста и од страна на својата политичка мотивација.
Владиниот експерт за безбедност Ричард А. Кларк, во својата книга „Кибервојна “ (мај 2010), го дефинира поимот "кибервојна", како "акции преземени од страна на национална држава за да се навлезе во сметачите или мрежите на друга нација, со цел да се предизвика штета или нарушување."[2] Весникот „Економист“ го опишува киберпросторот како "петти домен за војна",[3] и Вилијам Ј. Лин, американскиот заменик-секретар за одбрана, вели дека "како прашање на доктрина, Пентагон официјално го призна киберпросторот како нов домен за војна ... [којшто] станал исто толку важен за воените операции како што се копното, морето, воздухот, и вселената."[4]
Во 2009 година, претседателот Барак Обама ја прогласи дигиталната инфраструктура на Америка за "стратешко национално средство", а во мај 2010 година Пентагон ја постави новата Киберкоманда на САД (USCYBERCOM), предводена од генерал Кит Б. Александар, директор на Националната агенција за безбедност (NSA), да ја брани американската воена мрежа и да напаѓа системи на други земји ". Европската Унија ја постави ENISA- Агенција за мрежи и информациска безбедност на Европа (European Network and Information Security Agency), која е предводена од д-р Удо Хелмбрект и сега постојат понатамошни планови значително да се прошират способностите на ENISA. Обединетото Кралство, исто така, формира кибербезбедносен и "операционен центар" со седиште во Штабот за Владини комуникации (GCHQ), британскиот еквивалент на (NSA). Во САД сепак, Киберкомандата е поставена да ја штити само војската, а државните и корпоративни инфраструктури првенствено се одговорност на Министерството за внатрешна безбедност на САД и приватните компании соодветно.[3]
Во февруари 2010 година, врвните американски законодавци предупредиле дека "заканата од осакатувачки напад врз телекомуникациите и сметачките мрежи остро расте."[5] Според извештајот на Липман, голем број клучни сектори на економијата на САД, заедно со оние на другите народи, во моментов се изложени на ризик, вклучувајќи ги и киберзаканите до јавни и приватни објекти, банкарството и финансиите, транспортот, производството, медицината, образованието и владата, од кои, сите денес се зависни од сметачите за да функционираат секојдневно.[5] Во 2009 година, претседателот Обама изјави дека "кибернатрапници ги истражуваат нашите електрични мрежи."[6]
Весникот „Економист“ пишува дека Кина има планови за "добивање на информатизираните војни до средината на 21 век ". Тие истакнуваат дека и други земји исто така се подготвуваат за кибервојна, а меѓу нив се и Русија, Израел и Северна Кореја. Иран може да се пофали дека ја има втората по големина кибервојска во светот.[3] Џејмс Гослер, владин специјалист за киберсигурност, е загрижен дека САД има тежок недостиг од специјалисти за сметачка безбедност, проценувајќи дека постојат само околу 1.000 квалификувани луѓе во земјата денес, а потребна е сила од 20.000 до 30.000 квалификувани експерти.[7] Во јули 2010 година, на конференцијата за сметачка безбедност Black Hat, Мајкл Хајден, поранешен заменик директор на националното разузнавање, ги предизвикал илјадниците присутни да помогнат да се изнајдат начини за да се "преструктуира безбедносната архитектура на семрежјето".[8]