Каталог „Хенри Дрејпер“
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хенри Дрејпер англиски: Henry Draper Catalogue, HD) — ѕвезден каталог објавен помеѓу 1918 и 1924 г. кој содржи спектроскопски класификација на 225.300 ѕвезди. Подоцна е дополнет со Додатокот „Хенри Дрејпер“ (Henry Draper Extension, HDE), објавен од 1925 до 1936 г. во кој се класификуваат уште 46.850 ѕвезди и со Дополнителните карти на „Хенри Дрејпер“ (Henry Draper Extension Charts, HDEC), објавени од 1937 до 1949 г. со уште 86.933 ѕвезди. Заклучно со август 2017 г. класификацијата опфаќа 359.083 ѕвезди[1][2] Првичниот каталог го опфаќа целото небо до привидна фотографска величина од 9; со додатоците се дополнети уште ѕвезди од извесни подрачја.[3] Овој каталог претставува пионерски напор за подредување на ѕвездените спектри, а неговите броеви се широко застапени во означувањето на ѕвездите.[4][5]
Секи | Дрејпер | Белешка |
---|---|---|
I | A, B, C, D | преовладуваат водородни линии |
II | E, F, G, H, I, K, L | |
III | M | |
IV | N | не се јавува во каталогот |
— | O | Волф-Рајеови спектри со сјајни линии |
— | P | планетарни маглини |
— | Q | други спектри |
Употреба и достапност
Ѕвездите во главнината на каталогот се со средна величина, до 9m (околу 1⁄15 од сјајноста на најслабите ѕвезди видливи со голо око). Додатоците ги покриваат ѕвездите до величина 11, избрани од извесни небесни подрачја.[3][7] Првичниот каталог ги води ѕвездите со броеви од 1 до 225300 (со претставката HD), подредени нагорно според нивната ректасцензија за епохата 1900,0. Првиот додаток почнува со 225301, а завршува со 272150 (со претставката HDE), а оној од дополнителните карти опфаќа ѕвезди од 272151 до 359083 (со претставката HDEC). Честопати се среќава само претставката HD, бидејќи бројчениот редослед е доследен и не прави забуна.[8] Означувањето според каталогот „Хенри Дрејпер“ е мошне распространето.[4]
Денес каталогот „Хенри Дрејпер“ е достапен преку службата VizieR на Центарот за астрономски податоци во Стразбур како каталог бр. III/135A.[9]
Поврзано
- Ѕвезден каталог
- Класификација на ѕвездите
- Анџело Секи
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.