архипелаг во Канада From Wikipedia, the free encyclopedia
Канадски Арктички Архипелаг (англиски: Canadian Arctic Archipelago, француски: Archipel arctique canadien) или само Арктички Архипелаг — островска група која лежи на север од копнена Канада.
Карта на Канадскиот Арктички Архипелаг во поларна проекција | |
Географија | |
---|---|
Место | Северна Канада |
Координати | 75°N 90°W |
Вкупно острови | 36.563 |
Поголеми острови | Бафинова Земја, Викторија, Елсмир |
Површина | 1.424.500 км2 |
Држава | |
Територии | Нунавут Северозападни Територии |
Најголема населба | Икалуит, Нунавут (pop. 6.184) |
Демографија | |
Население | 14.000 |
Густина | 0,01 /km2 (3 /sq mi) |
Архипелагот е сместен во крајниот северен дел на Северна Америка и зафаќа околу 1.424.500 км2. Се состои од 36.563 острови во Северноледениот Океан и сочинува најголем дел од територијата на Северна Канада — речиси цел Нунавут и дел од Северозападните Територии.[1] Канадскиот Арктички Архипелаг почнува да трпи извесни последици од глобалното затоплување,[2][3] при што некои проценки целат дека стопениот мраз од островите ќе го покачат морското ниво за 3,5 см до 2100 г.[4]
Британија полагала право на островите поради откритијата на морепловецот Мартин Фробишер во 1570-тите. Канада првично (1870–80) имала суверено право само на оние делови од островите што чии водотеци се сливаат во подводната Фоксова Котлина, Хадсоновиот Залив и Хадсоновиот Проток. ВО 1880 г. Британија ги предала сите острови во канадска сопственост.[5]. Канада вели дека сите водни патишта по Северозападниот Премин се канадско владение, но САД и највеќето поморски земји ги сметаат за меѓународни води. Спорот со премините во Канада неглегува во полето на екологијата и државната безбедност, како и општата сувереност на земјата. Хансовиот Остров во Нерсовиот Проток источно од островот Елсмир се предмет на територијален спор меѓу Канада и Данска.
Архипелагот се протега 2.400 км надолжно и 1.900 км од канадското копно до ’ртот Колумбија, најсеверната точка на островот Елсмир. На запад се граничи со Бофортовото Море, на северозапад со Северноледениот Океан, на исток со Гренланд, Бафиновиот Залив и Дејвисовиот Проток; јужно од островите се наоѓаат Хадсоновиот Залив и континентална Канада. Разните острови се поделени едни од други со овие премини со збирен незив Северозападниот Премин. Како северно продолжение на континенталната канадска територија се јавуваат два големи полуострова — Бутија и Мелвил.
Архипелагот опфаќа вкупно 36.563 острови, од кои 94 важат за поголеми (преку 130 км2), и заземаат вкупна површина од 1.400.000 км2.[6] Следат најголемите острови, со површина од барем 10.000 км2:
Име | Територија* | Површина | Место по површина | Население (2001) | |
---|---|---|---|---|---|
Свет | Канада | ||||
Бафинова Земја | НУ | 507.451 | 5 | 1 | 9.563 |
Викторија | СЗ, НУ | 217.291 | 8 | 2 | 1.707 |
Елсмир | НУ | 196.236 | 10 | 3 | 168 |
Бенкс | СЗ | 70.028 | 24 | 5 | 114 |
Девон | НУ | 55.247 | 27 | 6 | 0 |
Аксел Хајберг | НУ | 43.178 | 32 | 7 | 0 |
Мелвил | СЗ, НУ | 42.149 | 33 | 8 | 0 |
Саутхемптон | НУ | 41.214 | 34 | 9 | 718 |
Принц од Велс | НУ | 33.339 | 40 | 10 | 0 |
Сомерсет | НУ | 24.786 | 46 | 12 | 0 |
Батхерст | НУ | 16.042 | 54 | 13 | 0 |
Принц Патрик | СЗ | 15.848 | 55 | 14 | 0 |
Крал Вилијам | НУ | 13.111 | 61 | 15 | 1.279 |
Елеф Рингнес | НУ | 11.295 | 69 | 16 | 0 |
Бајлот | НУ | 11.067 | 72 | 17 | 0 |
* СТ = Северозападни Територии, НУ = Нунавут
По Гренланд, архиеплагот е најголеата поларна област во светот. Климата е арктичка, а теренот е тундра, со исклучок на планинските подрачја. Највеќето острови се ненаселени; населените се наоѓаат на југот и имаат мошне мали и крајно раштркани инуитски населби по крајбрежјата.
|
|
Острови вон картата
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.