Калид Ел Масри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Калид Ел Масри (роден на 29 јуни 1963 ) е германски државјанин со либанско потекло, кој беше притворен и одведен во Авганистан, каде што неколку месеци беше испрашуван и измачуван од агенти на ЦИА, а потоа беше ослободен без обвинение. Ова вонсудско притворање веројатно се должи на сличноста на неговото име со осомничениот терорист Калид ал Масри. Ел Масри беше притворен при влез во Република Македонија.
Ел Масри ја тужеше Република Македонија во Европскиот суд за човекови права за негово тајно предавање од страна македонското МВР на американските агенти на ЦИА. На 13 декември 2012 година, Големиот судски совет донесе конечна одлука со која ја прогласи македонската влада за виновна, односно дека е одговорна за тортура, малтретирање и тајно предавање на лице осомничено за поврзаност со тероризам. При тоа, Судот ја задолжи Македонија да му плати штета на Ел-Масри во висина од 60.000 евра.[1]