Калдера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Калдера — вдлабнатина налик на казан која се создава по празнењето на магматската комора/резервар. Кога големи зафатнини на магма ќе избијат за кус временски период, структурната поддршка над самата коморта се урушува. Па површината на земјата се урушува во внатрешноста на делумно испразнетата комора, оставајќи голема депресија на површината (од еден до неколку километри во пречник). Иако понекогаш се опишува како кратер, станува збор за вид на вртача, бидејќи се создава преку урушување и упаѓање наместо со експлозија или удар. Познати се околу 7 вакви урушувања кои создале калдери од почетокот на XX век, најнеодамнешното кај исландскиот вулкан Бардарбунга.[1]