Вулкански кратер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вулкански кратер – кружна длабнатина (депресија) настаната како последица на вулканска активност.[1] Во кружната длабнатина се јавуваат отвори од кои избива магмата во вид на гасови, лава и други материјали. Кратерот може да биде со големи димензии и понекогаш со голема длабочина. Неговата ширина може да изнесува од неколку десетици метри до повеќе километри, а длабочината од неколку десетици метри до еден километар. На дното на кратерот е отворот низ кој растопената материја од астеносферата стигнува до вулканскиот кратер. Вулкански кратер разорен со експлозија се нарекува калдера. Калдерите вообичаено се широки и до 20 км и на нивното дно обично се наоѓаат млади вулкански конуси (Јега на планината Тибести во Сахара).