Источнополинезиски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Источнополинезиските јазици се тихоокеанските острови што се простираат од Хаваи на север до Нов Зеланд на југозапад и Велигденскиот Остров на југоисток. Во оваа група на полинезиски јазици спаѓаат хавајскиот, маркискиот, туамотскиот, тахитскиот, новозеландскиот маорски, раротонганскиот (куковоостровски маорски) и рапанујскиот јазик.
Кратки факти Источнополинезиски јазици, Географска распространетост: ...
Источнополинезиски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Полинезиските острови |
Класификација: | австронезиски
|
Гранки: |
Централни источни
|
Затвори
По број на говорници, двете најзначајни групи се тахитските и маорскиот. Тахитскиот е главен јазик на Друштвените Острови, а се користи и како лингва франка ширум Француска Полинезија, додека пак маорскиот го зборува многубројно малцинство во Нов Зеланд, кајшто ужива статус на службен јазик заедно со англискиот. Хавајскиот го зборуваат малкумина, но сепак е службен во сојузната држава Хаваи.