From Wikipedia, the free encyclopedia
Маорскиот (te reo Māori) е полинезиски јазик и мајчин јазик на староседелското население на Нов Зеланд - Маорите. Јазикот е еден од трите официјални јазика во државата, прогласен како таков во 1987 година. Маорскиот е дел од групата на источнополинезиски јазици и е сроден со куковоостровскиот маорски, туамотскиот и тахитскиот јазик. Според истражувањето од 2001 година, бројот на возрасни луѓето кои течно го зборуваат јазикот се движи на околу 9% од вкупното маорско население, илиу 29.000 возрасни лица.[2]
Маорски јазик | |
---|---|
te reo Māori | |
Застапен во | Нов Зеланд |
Подрачје | Полинезија |
Народ | Маори |
Говорници | 60,000 (2011) 160.000 секојдневен разговор (попис 2006)[1] |
Јазично семејство | австронезиско
|
Писмо | латиница (маорска азбука) |
Статус | |
Службен во | Нов Зеланд |
Регулативен орган | Маорска јазична комисија |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | mi |
ISO 639-2 | mao (B) mri (T) |
ISO 639-3 | mri |
|
Од вкупно 4 милиони жители на Нов Зеланд, само околу 1,000,000 од нив се од полинезиско потекло. Од нив пак, само околу 15% умеат да го зборуваат Маорскиот јазик на нивните предци. Овој јазик ги има следните слични проблеми како и ирскиот келтски јазик:
Споредбената лингвистика го класифицира маорскиот јазик како полинезиски јазик, поточно дел од подгрупата на тахитски јазици од групата на источнополинезиски јазици. Во оваа група на источнополинезиски јазици се и тахитскиот, раротонганскиот, хавајскиот и рапанујскиот, меѓу другите.[3][4][5] Маорските говорници веруваат дека јазиците од Куковите Острови, меѓу кои и раротонганскиот, се најлесните за нив полинезиски јазици во поглед на разбирање и говорење.
Маорски јазик | |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Ko te katoa o nga tangata i te whanaungatanga mai e watea ana i nga here katoa; e tauriterite ana hoki nga mana me nga tika. E whakawhiwhia ana hoki ki a ratou te ngakau whai whakaaro me te hinengaro mohio ki te tika me te he, a e tika ana kia meinga te mahi a tetahi ki tetahi me ma roto atu i te wairua o te noho tahi, ano he teina he tuakana i ringa i te whakaaro kotahi. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
Уште од времето на мисионерите, маорскиот користел транслитерација на англиските имиња за денови и месеци. Од 1990 година, Маорската јазична комисија промовирала нов („традиционален“) сет називи. Новите имиња немаат еквиваленти од предевропскиот период, но се совпаѓаат со потеклото на англиските називи (на пример, hima = moon [месечина]). Комисијата при изработката на месеците се засновала на традиционалниот племенски месечев календар.
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.