Гренланд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гренланд (дански: Grønland) или Калалит Нунат гренландски: Kalaallit Nunaat — остров во Северноледениот Океан и автономна земја во рамките на Кралството Данска. Иако и географски и етнички е поврзан со Северна Америка, политички и историски Гренланд е поврзан со Европа. Најблиски земји до Гренланд се Исланд на исток и Канада на запад. Гренланд е најголемиот остров во светот[6]. Со своите 55.877 жители (2018), Гренланд е најслабо населена држава или зависна територија во светот.[7] Главен град на Гренланд е Нук, а службен јазик е гренландскиот.
Гренланд Kalaallit Nunaat
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Nunarput utoqqarsuanngoravit „Ти наша древна земјо“ |
||||||
Главен град (и најголем) | Нук 64°10′N 51°44′W | |||||
Службен јазик | гренландски[a] | |||||
Народности | ||||||
Демоним | Гренланѓани
(Гренланѓанец/Гренланѓанка) |
|||||
Уредување | парламентарна демократија во рамките на уставна монархија | |||||
• | Кралица | Федерик X | ||||
• | Висок комесар | Микаела Енгел | ||||
• | Премиер | Ким Киелсен | ||||
Законодавство | Парламент на Гренланд | |||||
Автономија во рамките на Кралството Данска | ||||||
• | норвешка независност[c] | 1261 | ||||
• | Повторно воспоставување контакти | 1721 | ||||
• | Данска колонизација[d] | 14 јануари 1814 | ||||
• | Амт статус | 5 јуни 1953 | ||||
• | Домашна управа | 1 мај 1979 | ||||
• | Самоуправа и автономија | 21 јуни 2009[1][2] | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 2,166,086 км2 (12-та) | ||||
• | Вода (%) | 83.1[e] | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2018 г. | 55.877[3] | ||||
• | Густина | 0.027 жит/км2 (241-ва) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупен | 11.3 милијарди круни[3] (н.п.) | ||||
• | По жител | $37,517[f] (н.п.) | ||||
ИЧР (2010) | ▲ 0.786[4] висок · 61ви |
|||||
Валута | данска круна (DKK ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+0 to −4) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .gl | |||||
Повик. бр. | +299 | |||||
а. | ^ Гренландскиот е единствен службен јазик од 2009.[1][5] | |||||
б. | ^ Повеќето се Данци. | |||||
в. | ^ Данската монархија пристигнала во Гренланд во 1380 под владеење на Олаф II. | |||||
г. | ^ Иако биле под данска управа, Гренланд, Фарските Острови и Исланд биле под норвешко владеење до 1814. | |||||
д. | ^ Спотред податоците од 2000: 410,449 km2 (158,475 ми) без мраз; 1,755,637 km2 (677,855 ми) со мраз. Густина на население: 0.14/км2 (0.36 /sq. mi) за териториите без мраз. |
|||||
ѓ. | ^ проценка за 2001. |
Гренланд бил населуван од арктички луѓе 4.500 до 5000 години. Во 10 век, нордиски народи се доселиле во јужниот дел на островот. Во 13 век на островот се доселиле Инуитите и во 15 век нордиската колонија исчезнала. Во раниот 18 век контактите меѓу Скандинавија и Гренланд биле повторно воспоставени и Данска ја основала својата колонија на островот. Гренланд станал данска колонија во 1814 година, по долгиот период на управувањето од страна на Данска-Норвешка (поточно норвешка управа). Со уставот од 1953 година, Гренланд станал дел од Кралството Данска. Во 1979 година, Гренланд се стекнал со статус на „домашна управа“, а во 2008 година Гренланѓаните гласале за префрлање повеќе ингеренции од рацете на данската власт во рацете на гренландската. Така, Гренланд станала автономна уставна држава на 21 јуни 2009 година.[8] Во рацете на данските власти се меѓународните односи, безбедноста и финансиската политика, како и обезбедување 3,4 милијарди круни за Гренланд. Овие финансиски средства се очекуваат да се намалуваат како што се зајакнува гренландската економија.