Закоп (инхумација) — закопување на човечкото тело во земјата во релативно неизменет облик. Ова е најстар и најраспространет начин на погребување, кој се среќава од праисториските заедници до денес. Често се користи и синонимот скелетно погребување, кој не е многу прецизен, бидејќи може да асоцира на секундарно погребување на декарнираниот скелет.

Положбата на телото може да биде различна:

  • испружено на грбот
  • поставено со лицето кон тлото
  • поставено на страна
  • во седечка положба
  • во згрчена (фетална) положба

Во историските и праисториските култури секоја етничка заедница имала специфичен начин на погребување, преку што денес се толкуват одликите на религијата и културата. Лежечката положба кај примарното погребување и боењето на коските кај секундарното претставуваат желба за живот (мотив дека покојникот спие или обоен во црвено, боја која е симбол на животот).

Закопот во текот на праисторијата

Thumb
Приказ на неандерталско погребување
Thumb
Натуфиенски гроб

За погребувањето во текот на палеолитот не постојат многу податоци. Своите мртви неандерталецот ги погребувал, и барем во некои случаи, тоа го правел со почит (пример е “Цветниот погреб“ во пештерата Шанидар во Ирак, каде е пронајден поленов прав од цветови, што укажува дека покојникот бил прекриен со цвеќе). Шалозиенската култура, шелската култура и ашелската култура, кои датираат на преодот меѓу долниот во средниот палеолит и кои одговараат на геолошката епоха на диливиумот, не донесуваат докази за организирани човечки заедници, а закопувањето се толкува како нагонска активност за криење на мртвото тело. Се претпоставува дека во овој период кај човекот не постоела идејата за задгробен живот.

Материјалните остатоци од развојот на духовната концепција се појавуваат во Мустериерската култура во периодот на средниот палеолит.

На периодот на средниот и горниот палеолит му припаѓаат скелетите пронајдени во француската пештера Ла Фераси. Овде се пронајдени камења кои го покривале покојникот, а преку нив се најдени мустериерски орудија, остатоци од животни и пепел. Слично погребување е откриено во наоѓалиштето Тешик Таш во Узбекистан, каде черепот на неандерталско момче би опкружен со коски од козорог. Во близина на Ла Шапел о Сен во Франција е откриен сличен наод. Исклучително интересна е некрополата Грималди каде е откриен скелет кој потполно бил обоен во окер боја.

Во текот на мезолитот се случувале големи економски и општествени, кои како последица го донеле формалното погребување. Многу значајни податоци донело истражувањето на наоѓалиштата кај Ѓердап. Покојните биле закопувани во различни положби, а гробовите имале камени платформи.

Thumb
Природно мумифицирано тело изложено во Британскиот музеј во Лондон

Во неолитот закопот била единствениот облик на погребување, претежно во населбите, највеќе во поединечни гробови во згрчена положба. Во Стариот Египет, во текот на помладиот неолит сочувани се многу гробови кои датираат од околу 3500 година п.н.е. Како прилог имале оружје, прибор за работа и садови со јадења и пијалаци. Во долината на Нил пронајдени се мумифицирани покојници.

На територијата на Европа во текот на овој период закопот била единствениот облик на погребување. Во Уњетичката култура присутни се плитки рамни гробови со згрчени тела, а во наоѓалиштето Мокрин е откриена гробница со преку 400 тела. Во текот на бронзеното доба карактеристични се тумулите, а се јавува и кремирање.

Биритуалното погребување е карактеристично за Халштатската култура.

Антички период

Во Стара Грција напоредно биле практикувани и закопот и инцинерацијата (во текот на архајскиот период закопот е помалку застапена). Во класичниот период мртвите се положуваат во окна или јами чии ѕидови понекогаш се обложени со гипс и прекриени со плочи. Од овој период потекнуваат и глинените или камените саркофази.

Старите Римјани исто така практикувале биритуално погребување, а начинот зависел од семејната или регионалната традиција. Гробовите имаат разновидни облици. Во најстариот период се јавуаваат саркофази или издлабени стебла. Подоцна над гробовите се градат споменици.

Историски епохи

Во подоцнежните историски епохи обичаите се кодифицираат во склад со религиската традиција.

Закопот како тема во уметноста и во популарната култура

Закопот како тема во книжевноста

  • „Погребна песна“ (српски: Pogrebna pjesma) — песна во проза на српскиот писател Иво Андриќ.[1]
  • „Закопот на мртвите“ (англиски: The Burial of the Dead) — песна на британскиот поет Т.С. Елиот од 1922 година.[2]
  • „Парнеловиот закоп“ (англиски: Parnell's Funeral) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[3]
  • „Чкрап“ (српски: Шкљоц) — расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.[4]
  • „Другата страна“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски од 2019 година.[5]
  • „Закопна песна“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[6]
  • „Страотен закоп“ (руски: Чудовищные похороны) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1915 година.[7]
  • „Погребната песна на Јаким Маглановиќ“ — песна на Пушкин од 1834 година.[8]
  • „Погреб“ — песна на полскиот поет Јулијан Тувим.[9]
  • „Летушка“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[10]
  • „Грешката на Шарлота Ефтимова“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[11]
  • „Погреб“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[12]
  • „Погреб“ — песна на Вислава Шимборска.[13]

Закопот како тема во музиката

  • „На погреб“ (англиски: Going To A Funeral) — песна на американската хардкор-панк група Adrenalin O.D..[14]
  • „Погребна тема“ (англиски: Funeral theme) — песна на македонската група Анастасија.[15]
  • „Погреб“ (англиски: Funeral) — музички албум на канадската рок-група Arcade Fire од 2004 година.[16]
  • „Жив закопан“ (англиски: Buried Alive) — песна на американската хард-кор група Артиклс оф фејт ('Articles of Faith).[17]
  • „Твој погреб, мое судење“ (англиски: Your Funeral, My Trial) — песна на американскиот блуз-музичар Сони Бој Вилијамсон II“ (Sonny Boy Williamson II) од 1958 година.[18]
  • „Погребно танго“ (англиски: Funeral Tango) — песна на американскиот поп-пејач Скот Вокер од 1969 година.[19]
  • „Твој погреб, мое судење“ (англиски: Your Funeral, My Trial) — песна од истоимениот албум на рок-групата Nick Cave And The Bad Seeds од 1986 година.[20]
  • „Електричен погреб“ (англиски: Electric Funeral) — песна на британската хард-рок група Блек сабат (Black Sabbath) од 1970 година.[21]
  • „Погреб“ (англиски: The funeral) — песна на американскиот рапер Ајс Кјуб (Ice Cube) од 1991 година.[22]
  • „Погребот на Мајлс Дејвис“ (англиски: Miles Davis' Funeral) — песна на американската рок-група Морфин (Morphine) од 1993 година.[23]
  • „Погребен марш“ (англиски: Funeral March) — песна на американската хард-кор група Т.С.О.Л. (T.S.O.L.) од 1981 година.[24]
  • „Закопот на мадињата“ (англиски: Grandbag's Funeral) — песна на англиската рок-група Хепи мандис (Happy Mondays) од 1990 година.[25]

Поврзано

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.