![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/28/Instagram_logo.png/640px-Instagram_logo.png&w=640&q=50)
Инстаграм
From Wikipedia, the free encyclopedia
Инстаграм[1] (англиски: Instagram; скратено: Инста) — онлајн сервис за споделување на фотографии и друштвено вмрежување кој им овозможува на своите корисници да фотографираат, да додаваат дигитални филтри на фотографиите и да ги споделуваат на повеќе друштвени мрежи вклучувајќи ја и нивната.[2] Специфично е тоа што Инстаграм на почетокот ги ограничуваше фотографиите да имаат облик на квадрат, слично како и Инстаматик на Кодак и Полароид фотографиите, за разлика од aspect ratio 4:3 кој вообичаено се користи од камерите на мобилните апарати. Сега постои можност да се поставуваат фотографии во однос меѓу 1.91:1 и 4:5, додека приказните и видеата на IGTV може да се во однос 16:9.
![]() | |
Изворни автори | Кевин Ситром, Мајк Кригер (Burbn, Inc.) |
---|---|
Програмери | Facebook Inc. |
Првично издание | октомври 6, 2010; пред 13 години (2010-10-06) |
Развојна состојба | активен |
Опер. систем | iOS верзија 4.3 или понова; Андроид верзија 2.2 или понова; |
Големина | 14 MB |
Јазици | Англиски јазик, африканс, чешки, дански, германски, грчки, англиски (Велика Британија), шпански (Шпанија) шпански (Латинска Америка), фински, француски (Франција), индонезиски, италијански, јапонски, корејски, малајски, норвешки (бокмал) , холандски, полски, португалски (Португалија), руски, шведски, тајландски, тагалог, турски, виетнамски, кинески (поедноставен) кинески (традиционален). |
Вид | Фото & Видео |
Лиценца | Freeware |
Мреж. место | instagram.com |
Создадена е од Кевин Систром и Мајк Кригер и е пуштена во употреба во октомври 2010 година. Со преку 100 милиони активни корисници, сервисот брзо ја зголемува својата популарност во септември 2012 година.[3] Инстаграм е достапен преку App Store и преку Google Play.[4] Првично, Инстаграм беше достапен само заiPhone, iPad, и iPod Touch но, во април 2012 година сервисот стана достапен и за Android телефоните со камера кои работат на 2.2 Froyo.
Facebook, во својата најголема понуда за стекнување досега, понуди да го купи Инстаграм (заедно со 13-те вработени) за околу 1 милијарда долари во готовина и акции, во април 2012 година [5] со план за негово независно управување.[6] На 14 август 2012 година, Британската Канцеларија за фер тргување ја одобри зделката,[7] а на 22 август Федералната комисија за трговија во САД ја затвори својата истрага со што дозволи зделката да продолжи.[8][9] На 6 септември 2012 година зделката официјално заврши.[10]
На 17 декември 2012 година, Инстаграм ги промени своите Услови за користење, со што тие можат, по 16 јануари 2013 година, да ги продадат фотографиите на корисниците на трети лица без никакво известување.[11][12][13][14][15][16] Критиките од поборниците за приватност, корисниците, National Geographic[17] дури и Ким Кардашијан[18] која ја затвори својата корисничка сметка на Инстаграм, ги натера Инстаграм да објават изјава со која ги повлекуваат контроверзните услови. Овие услови предизвикаа многу од корисниците да се префрлат на други сервиси слични на Инстаграм како што е Flickr.[19][20][21][22][23][24] Инстаграм сега работи на развивање нов јазик за да ги заменат проблематичните услови за користење.[25]