Игра на тронови — американска фантастична телевизиска серија, создадена за HBO од Дејвид Бениоф и Д. Б. Веис. Оваа серија е адаптација на Песна за мраз и оган, серија на романи напишани од Џорџ Р. Р. Мартин, од кои првата е насловена како Игра на тронови. Снимањето се одвивало во студио во Белфаст, и на други места во Северна Ирска, Хрватска, Исланд, Мароко, Шпанија, Малта, Шкотска, како и во САД. Премиерата била на HBO, на 7 април 2011 во САД, a последната епизода од осмата сеозна била прикажана на 19 мај 2019 година, односно биле прикажани вкупно 73 епизоди.

Кратки факти Игра на тронови, Жанр ...
Игра на тронови
Thumb
Жанр
Создадена од
  • Дејвид Бениоф
  • Д.Б. Веис
Заснована наПредлошка:Based on
Улогивиди Список на ликови од Игра на тонови
Композитор(и)Рамин Џавади
Земја на потеклоСАД
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди60 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)
  • Дејвид Бениоф
  • Д.Б. Веис
  • Каролин Штраус
  • Франк Делгер
  • Бернадет Каулфилд
Продуцент(и)
  • Марк Хафам
  • Крис Њуман
  • Грег Спенс
  • Лиза МекАтакни
  • Брајан Когман
Местоположба
  • Северна Ирска
  • Хрватска
  • Исланд
  • Мароко
  • Малта
  • Шпанија
  • Шкотска
  • САД
  • Канада[1][2][3][4]
Уредници
  • Орал Нореј Оти
  • Франсес Паркер
  • Мартин Николсон
  • Кети Веиланд
  • Криспин Грин
  • Тим Портер
Времетраење50–65 минути
Прикажување
Првична мрежаHBO
Сликов формат
  • 1080i (16:9 HDTV)
Звучен форматDolby Digital 5.1
Првично прикажувањеаприл 17 2011 (2011-04-17)
Надворешни врски
Мрежна страницаhbo.com/game-of-thrones
Продукциска
мрежна страница
makinggameofthrones.com
Затвори

Дејството на серијата се одвива на измислените континенти Вестерос и Есос. Едната сижејна линија зборува за војната меѓу неколку благороднички семејства за Железниот престол на Седумте кралства; другата линија за воздигнувањето на протераниот потомок на претходно владејачката династија; третата сижејна линија — враќањето на древните, одамна изумрени суштества, Белите талкачи.

Игра на тронови постигна рекорден број на гледачи, како и особено голем број ангажирани обожаватели. Серијата е критички признаена, иако честата појава на голотија, насилство и сексуални сцени носат негативни критики. Серијата добила повеќе награди и номинации, вклучувајќи ја наградата Еми за првите пет сезони, наградата Златен глобус, како и наградата Хуго и Пибоди. Питер Динклиџ освои Еми-награда за најдобар спореден глумец во драмска серија, и Златен глобус за најдобар спореден глумец во драмска серија, минисерија или ТВ-филм, за неговата улога како Тирион Ланистер.

Содржина


Серијата Игра на тронови грубо ја следи приказната од Песна за мраз и оган.[5] Дејствието се одвива во измислените Седум кралства на Вестерос, а серијата ги прикажува борбите на водечките семејства за контрола на Железниот престол. Како што тече приказната, се појавува дополнителна закана од далечниот Север и од источниот континент Есос.[2] Првата сезона е верна адаптација на истоимениот роман. Понатамошните сезони се веќе се оддалечуваат од изворниот материјал. Според Дејвид Бениоф, серијата е „адаптација во целина, која ја следи мапата што Џорџ ја поставил, ги прикажува главните точки, но не и сите попатни станици“.[6]

Дејствието на серијата и ликовите се поттикнати од историски настани во Европа.[7] Главната инспирација е англиската Војна на розите[8] (1455–85) која се одвивала меѓу династиите Ланкастер и Јорк, отсликани во судирите меѓу династиите Ланистер и Старк. Поголемиот дел од Вестерос со замоците и витешките турнири потсетуваат на средниот век од Западна Европа. Кралицата Серси Ланистер потсетува на Изабела, наречена „волчицата од Франција“ (1295–1358), жената на Едвард II.[7] Впрочем, таа и нејзиното семејство, онака како што се прикажани во серијата романи на Морис Друон, Проколнати кралеви, во голема мера го инспирирале Мартин.[9] Останатите историски инспирации за некои од елементите во серијата се: Ѕидот на Хадријан (големиот Ѕид), легендите за Атлантида (древната Валирија), византискиот „Грчки оган“ („дивиот оган“), исландската сага за Викинзите (семејството Грејџој) и монголските орди (племето Дотраки), како и елементи од Стогодишната војна (1337–1453) и италијанската ренесанса (околу 1400–1500).[7] Големата популарност на серијата во најголем дел се припишува на вештината на Мартин да ги вткае сите овие елементи во еднородна целина, која е веродостојна во рамките на една алтернативна историја.[7]

Дејвид Бениоф предложил серијата да се рекламира како „Сопранови во Средната Земја“ укажувајќи на мрачните настани и фантастичниот свет во кој се случуваат тие.[10] Во 2012 година спроведена е студија според која серијата се наоѓа на второ место од 40 телевизиски американски драмски серии, според бројот на убиства, просечно 14 во една епизода.[11][12]

Епизоди

Повеќе информации Сезона, Епизоди ...
Сезона Епизоди Почеток Крај
1 (2011)1017 април 201119 јуни 2011
2 (2012)101 април 20123 јуни 2012
3 (2013)1031 март 20139 јуни 2013
4 (2014)106 април 201415 јуни 2014
5 (2015)1012 април 201514 јуни 2015
6 (2016)1024 април 201626 јуни 2016
7 (2017)0716 јули 201727 август 2017
8 (2019)0814 април 201919 мај 2019
Затвори

Ликови

Thumb
Питер Динклиџ (Тирион Ланистер)

Серијата е карактеристична по посебно големиот број ликови. Во текот на снимањето на третата сезона, забележано е дека учествувале дури 257 глумци кои играат главни или споредни улоги.[13][14] Во 2014 година, неколку договори на глумците биле повторно напишани за да се вклучи и седмата сезона, како и зголемен хонорар, со што влегуваат меѓу најскапо платените телевизиски глумци.[15] Следуваат оние кои се сметаат за дел од главните ликови.[16]

Лорд Едард „Нед“ Старк (Шон Бин) е глава на куќата Старк чии членови учествуваат во најголем број на настаните низ серијата. Со својата сопруга Кетлин (Мишел Ферли) имаат пет деца: најстариот син Роб (Ричард Маден), ќерките Санса (Софи Тарнер) и Арја (Мејси Вилијамс) и синовите Брен (Ајзак Хемстед-Рајт) и Рикон (Арт Паркинсон). Вонбрачниот син на Нед е Џон Сноу (Кит Харингтон), кој со својот пријател Семвел Тарли (Џон Бредли) е во служба во Ноќната стража, која е под команда на Џор Мормонт (Џејмс Козмо). Љубовта на Џон е црвенокосата Игрит (Роуз Лесли).

Долгогодишниот пријател на Нед е кралот Роберт Баратеон (Марк Еди) кој е оженет со кралицата Серси од семејството Ланистер (Лина Хеди), а пак таа е во тајна врска со својот брат Џејми (Николај Костер-Валдау). Тие имаат три деца, од кои најстар е Џофри (Џек Глисон), наследникот на Железниот престол. Со нив живее и нивниот помлад брат, џуџето Тирион (Питер Динклиџ) со својата љубовница Шеј (Сибел Кекили) и телохранителот Брон (Џером Флин). На чело на семејството Ланистер се наоѓа лордот Тајвин (Чарлс Денс).

Членови на кралскиот Мал совет го сочинуваат Питер „Малопрст“ Бејлиш (Ејдан Џилен) и Варис (Конлет Хил). Право на престолот има и братот на Роберт Станис (Стивен Дилејн), кого го советуваат свештеничката Мелисандра (Керис ван Хаутен) и бившиот шверцер сер Давос Сиворт (Лијам Канингхем). Богатото семејство Тирел го претставува амбициозната Мерџори Тирел (Натали Дормер).

Од другата страна на морето, прогонети живеат братот и сестрата Визерис (Хери Лојд) и Денерис Таргариен (Емилија Кларк), деца на поранешниот владетел на Седумте Кралства. Денерис е мажена за Кал Дрого (Џејсон Момоа) кој го предводи номадскиот народ Дотраки. Во нејзината свита се наоѓа протераниот витез сер Џора Мормонт (Иен Глен).[17]

Производство

Thumb
Д.Б. Веис и Дејвид Бениоф, ги напишаа најголемиот број епизоди, а режираа некои од нив

Снимањето на серијата започнало во јануари 2007 година[18] кога се откупени правата. Буџетот на серијата изнесувал 50-60 милиони американски долари,[19][20] а за снимање на премиерната епизода, потрошени се од 5 до 10 милиони долари.[21] Првата сезона е снимана во Северна Ирска и Малта, додека понатамошните сезони се снимаат и во Дубровник.

За снимање на втората сезона, буџетот е зголемен за 25%, а најголем дел од парите се потрошени за да се прикаже веродостојно граѓанската војна и борбата за престолот околу кој се одвиваат најголем дел од настаните.[22]

Популарност

Thumb
Малта, местото каде е снимена свадбата Дотраки, сезона 1

Серијата важи за една од најочекуваните телевизиски настани во 2011 година.[23][24]

Серијата доби одлични критики како од критичарите, така и од обожавателите. Пофалбите одат за прекрасната режија, изборот на глумци, веродостојно создадениот свет, уверливите ликови, како и одличната глума на децата глумци.[24][25]

Мрежната страница Метакритик на серијата ѝ дава оценка 79 од 100 можни, а корисниците ја оцениле со 8,9 од 10 можни.[26]

Серијата се нашла на бројни листи како „најдобра за 2011 година“, вклучувајќи ги и листите на Вашингтон пост и Тајмс.[27][28]

Галерија

Слики на главните глумци

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.