From Wikipedia, the free encyclopedia
Династијата Јорк (англиски: York) била кралска династија во Англија, која го презела престолот во текот на т.н. Војна на розите. Власта во Англија под Јоршката династија била во периодот од 1461 до 1485 година (со прекин 1470-1471 година). Прв крал од династијата станал Едвард IV од Англија, кој го заробил кралот Хенри VI кој пак бил од династијата Ланкастер. По смртта на Едвард IV, на престолот се качил неговиот малолетен син Едвард V, а како регент станал идниот крал Ричард III. Едвард на престолот се задржал само три месеци.[1] Ричард III пак на престолот се задржал две години. Во 1485 година бил убиен во Битката кај Босфорт и на престолот се качил Хенри Тјудор, под името Хенри VII.
Династија Јорк | |
---|---|
Претходна династија | Династија Плантагенет |
Земја | Англија |
Прпадност | Англичани, Французи, Кастилцци |
Основана | 1385 |
Основач | Едмунд Лангли |
Тековен владетел | Франсис Фицхерберт |
Последен владетел | Ричард III |
Титули | Војводство Јорк, Кралство Англија |
Имот | Англија |
Династијата Јорк претендирала за престолот по татковата линија на Едмунд Лангли, вовјода од Јорк, кој бил четврти син на Едвард III.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.