Иван Попов
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Иван Попконстантинов Попов — македонски револуционер и офицер на бугарската армија, член и војвода на Македонската револуционерна организација [1][2].
Иван Попов | ||
Роден | 1871 Ново Лески, Неврокопско Пиринска Македонија починал-дата= 15 септември 1921 | |
---|---|---|
Починал | Витоша, Бугарија |
Иван Попов е роден во 1871 година во неврокопското село Ново Лески, Пиринска Македонија. Добива основно образование во родното село. Од 1889 до 1895 година е на воена служба во Сливен.
Како фелдфебел од бугарската армија Гоце Делчев го свртува кон ВМОРО и го праќа за организационен воjвода во Костурскиот револуционерен реон во 1902 година.
На Смилевскиот конгрес е избран за централен воjвода на Костурско. Во текот на Илинденското востание учествува во борби како воjвода, заедно со Васил Чакаларов и Пандо Кљашев. Во Битката кај селото Вишени, неговата чета убива 50 селани од селото Жервени, кои се враќале од пазарот во Костур.[3]
Во септември заедно со Лазар Поп Трајков и Манол Розов се повлекуваат во Прилепско. По крајот на востанието бега во Грција, каде е уапсен. Во ноември заминува со брод во Бургас.
По повторното навлегување во Македонија, учествува и во борбата со грчката оружена пропаганда. До Балканската воjна е воjвода на чета №5 во Костурско. По мобилизацијата од 18 септември 1912 година е воjвода на партизанска чета, дел од 4-та чета на Деветтата велешка дружина на Македонско-одринското ополчение.
Во српско заложништво е од 18 јули до 18 декември 1913 година. Награден е со орден За храброст 3-ти степен и е повишен во чин потпоручник. Во Втората балканска војна е во одредот на Васил Чакаларов. Во Првата светска војна е командир на разузнавачкото одделение.
Иван Попов си го одзел животот на 15 септември 1921 г. во месноста Паша Бунар кај Драгалевскиот манастир на планината Витоша околу Софија.
„ | Без двоумење можам да речам дека меѓу многуте први македонски јунаци, во најблагородна смисла на зборот, Иван Попов е меѓу најпрвите. Попов беше необично чиста душа со цврст карактер и крајно скромен. Немаше училишно образование, но се одликуваше со голема, вродена интелигенција. (Љубомир Милетиќ) | “ |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.