Знаме на Шкотска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знаме на Шкотска (гелски: [Bratach na h-Alba] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help), шкотски: Banner o Scotland), наречено и Андреин крст (St Andrew's Cross) — државно знаме на Шкотска.[3] За разлика од кралскиот стандард, ова знаме е достапно за употреба од сите физички и правни лица[1] и се вее на државните установи во Шкотска секој ден од 8 ч. наутро до зајдисонце, со извесни исклучоци.[4]
Назив | Андреин крст Салтир |
---|---|
Употреба | државно знаме |
Сразмер | нестандардизиран[1] |
Усвоено | XV век |
Опис | на сино поле, сребрен Андреин крст[2]. |
Според христијанската легенда, маченикот Апостол Андреја, заштитник на Шкотска, бил распнат на крст со облик на буквата Х кај Патра во Ахаја.[5] Оваа иконографија првпат се јавува во земјата во 1180 г. за време на кралот Вилијам I и на печатите на старателите на Шкотска од 1286 г.[5]
Употребата на Андреиниот крст, наречен и салтир или накосен крст (crux decussata) во упростен облик без распетие започнала кон крајот на XIV век. Во јуни 1385 г., Парламентот на Шкотска решил шкотските војници што служеле во Франција да го носат овој крст напред и одзади, како обележје на земјата од каде дошле.[6]