From Wikipedia, the free encyclopedia
Знамето на Грција (грчки: Σημαία της Ελλάδος, народно нарекувано Γαλανόλευκη или Κυανόλευκη; „небесно сино-белото“) е засновано врз девет еднакви хоризонтални ленти во сина боја наизменично со бела. Во горниот лев агол на кој се вее знамето има син квадрат во кој има бел крст; крстот го симболизира грчкото православие, државната религија, и религијата на народот на Грција. Според народната традиција, деветте ленти ги претставуваат деветте слога од мотото „Ελευθερία ή Θάνατος“ ("Слобода или смрт", „Е-леф-те-ри-а и Та-на-тос“), петте бели ленти за слоговите на „Έλευθερία“, и останатите бели за „ή Θάνατος“. Исто така постои друга теорија според која деветте ленти ги симболизираат деветте музи, божиците на уметноста и цивилизацијата (бројот девет бил еден од традиционалните броеви на Грците).[1] Официјалниот сооднос на знамето е 2:3.[2]
Употреба | државно и пловно знаме |
---|---|
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 22 декември 1978 |
Опис | Девет хоризонтални ленти во сина и бела боја, додека во кантонот има бел ккрст на сина позадина. |
Варијанта на знамето на Грција | |
Назив | Претседателско знаме. |
Сразмер | 1:1 |
Усвоено | 1975 |
Опис | Сино знаме со грбот на Грција во средина. |
Варијанта на знамето на Грција | |
Назив | Церемонијално знаме |
Употреба | државно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 1828 |
Опис | Бел крст на сина позадина. |
Моменталната поморска и цивилна енсигнија е идентична со националното знаме.
Простата шема бел крст на сино поле се користи исто така како поморско знаме на морнарицата и е основната шема за поморските воени рангови. Овие знамиња се опишани во поглавје 21 (членови 2101-30) на поморските регулации.
По потпаѓањето на Цариград под Отоманското Царство двоглавиот орел станал силен „национален“ симбол на Грцијте (но сепак значително помалку од крстот), кој се наоѓал на многу знамиња, особено за време на востанија и буни. Најкарактеристичен пример е знамето на Православната црква која до ден денес користи византиски знамиња со орелот, обично црн на жолта/златна позадина. Но по отоманските освојувања овој симбол се нашол и во „новиот Цариград“ (или Третиот Рим), т.е. Москва. Русија, под силно влијание на Византиското Царство, се сметала себе за нејзин наследник и го присвоила двоглавиот орел како нејзин империски симбол. Исто така бил присвоен од Србите, Црногорците, Албанците и број на западни владетели, најзабележителни од кои Германија и Австрија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.