From Wikipedia, the free encyclopedia
Захариј Стојанов ( 1850 - 2 септември 1889 ) (роден како Џендо Стојанов Џедев) бил револуционер, политичар и писател од Бугарија. Водач во Априлското востание, тој станува и негов прв историограф со својата книга „Записите на бугарските востанија“. Захариј Стојанов ја раководи организацијата за обединување на Кнежевството Бугарија со Источна Румелија во 1885, а остатокот од животот го минува како еден од водачите на Народнолибералната партија.[1]
Захариј Стојанов | ||
Роден | 1850 Медвен,Османска империја | |
---|---|---|
Починал | 2 септември 1889 Париз, Франција | |
Занимање | револуционер од Бугарија |
Захариј Стојанов е роден во семејството на овчарот Стојан Далакчиев во селото Медвен, Сливенско. Неговото вистинско име е Џендо Стојанов Џедев. Учел на црковното училиште во родното село (1856-1862). Потоа е овчар во селото Топола и во селото Подвис, Бургаска област (1866-1870). Додека чиракува за кројач во Русе (1871-1872), се вклучува во Русенскиот револуционерен комитет.
Захариј Стојанов учествува во Старозагорското востание (1875). Тој е еден од раководителите на IV Пловдивски револуционерен округ за време на Априлското востание (1876). По поразот на востанието, заедно со Георги Бенковски и отец Кирил и Стефан Далматинецот се засолниле на Стара Планина, но се предадени и паѓаат во заседа на Тетевенскиот Балкан. При заседа Бенковски и отец Кирил се убиени, Стефан Далматинец е фатен, а самиот Захарија Стојанов успеал да избега. По неколкудневните скитања низ Стара Планина е фатен во близина на селото Терзијското, во близина на Тројан.
По неколку месеци поминати во Тројанскиот, Ловешкиот, Севлиевски, Тъновскиот, Еленскиот, Сливенскиот и Новозагорскиот затвор, се населил со Пловдив, а подоцна принудно бил испратен во Медвен. Нелегално оди во ослободено Трново (1877).
По 1878 година Захариј Стојанов е член на окружниот суд во Трново (1880), секретар на Апелациониот суд и судски истражител во окружниот суд во Русе (1881), вработен во Дирекцијата за правда на Источна Румелија (1882-1885). Тој го предводи Бугарскиот централен таен револуционерен комитет, кој организира обединувањето на Источна Румелија со Кнежевството Бугарија (1885). Од 1886 живее во Софија, каде што се вклучува активно во дејностите на Народнолибералната партија. Тој е народен претставник во Народното собрание (1886), потпретседател (1887) и претседател на парламентот (1888-1889).
На 2 август 1889 година по повод двегодишнината од устоличувањето на кнезот Фердинанд I, Захариј Стојанов е удостоен со Кнежевски орден "Свети Александар" I степен.[2] Починува од кинење на цревата, како последица на труење.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.