Западни Алпи
планински венец / From Wikipedia, the free encyclopedia
Западни Алпи — западниот дел на Алпите кој ги опфаќа југоисточниот дел на Франција (Савоја), сето Монако, северозападна Италија и југозападниот дел на Швајцарија (Вале). На југоисток венецот е ограничен од Паданската Низина во долината на По. На запад, долината на Рона го дели од Централниот Масив. Најсеверниот дел (во најширока смисла) го образуваат Швајцарските Предалпи.
Кратки факти Западни Алпи, Највисока точка ...
Западни Алпи | |
---|---|
Монблан — највисокиот врв на Западните Алпи | |
Највисока точка | |
Врв | Монблан |
Надм. височина | 4.810 м |
Величина | |
Должина | 300 км [1] |
Ширина | 150-185 км |
Географија | |
Земји | Монако, Франција, Италија и Швајцарија |
Координати | 45°49′59″N 6°51′54″E |
Матичен венец | Алпи |
Се граничи со | Список
|
Геологија | |
Горообразба | алпска |
Затвори
Планинските врвови и превои се повисоки од оние на Источните Алпи, а самиот венец е потесен и позасводен. Највисока планина е Монблан со 4.810 метри.