крајбрежна водна површина поврзана со море, океан или езеро From Wikipedia, the free encyclopedia
Залив — крајбрежна водна површина поврзана со море, океан или езеро, образувана со вовлекување на земјата поради пречката што ја поставува околното земјиште на брановите и ветерот.[1] Заливите се јавуваат и кај езерата и барите. За заливи можат да се сметаат и тесните површини како фјордовите, гленовите и драгите.
Заливите имаат историско значење за населувањето на местата како безбедно место за риболов. Класичен пример за ваквата улога на заливите е неолитската наколна населба во Заливот на Коските на Охридското Езеро.[2] Подоцна, морските заливи одиграле значајна улога во развојот на поморската трговија и, како мирни сидришта, во нив се граделе пристаништа.[3]
Заливите се создаваат на различни начини. Најголемите настануваат како резултат на континенталното поместување.[3] Со разделувањето на суперконтинентот Гондвана долж закривени и вовлечени раседи, континентите се одвоиле и така се создадени најголемите заливи во светот. Такви се Гвинејскиот, Персискиот, Алјаскиот, Мексиканскиот и Бенгалскиот Залив, кои се најголеми во светот.[3]
Друг начин на образување на заливите е преку ледничка или речна ерозија.[3] Ако е настанат од ледник, заливот се нарекува фјорд. Ријасите настануваат од реки и се одликуваат со постапен спуст на теренот. Највеќето заливи се настанати со набирање на Земјината кора и постепено одронување на брегот предизвикано од бранови и струи.[3] Помеките карпи се ронат побргу, додека кај тврдите истото се одвива бавно. Помеките делови се претвораат во заливи, а потврдите остануваат како 'ртови. Калифорнискиот Залив е пример за залив настанат со набирање.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.