From Wikipedia, the free encyclopedia
Залаегерсег (унгарски: Zalaegerszeg) е главниот административен центар на округот Зала во Унгарија. Сместен е во западна Унгарија, во западниот прекудунавски регион.
Залаегерсег | |||
---|---|---|---|
Панорама на центарот на градот. | |||
Држава | Унгарија | ||
Округ | Зала | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Ендре Ѓумеши (Фидес) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 99,98 км2 (3,860 ми2) | ||
Население (2001) | |||
• Вкупно | 62.158 | ||
• Густина | 621,70/км2 (161,000/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 8900 | ||
Повик. бр. | 92 |
Според податоците од пописот од 2008 година, градот има население од 61.717 жители.
Градот Залаегерсег се наоѓа во западниот дел на Унгарија. Од престолнината на државата — Будимпешта градот е оддалечен околу 220 километри западно. Словенија и Австрија се наоѓаат многу блиску до градот.
Градот е сместен во западниот дел на Унгарија, на местото каде Панонската низина преоѓа во рид на Алпите, кои се наоѓаат во блиската соседна Австрија. Градот се наоѓа на реката Зала, по која и го добил името.
Иако градското подрачје било населено уште во добите на праисторијата и антиката, населбата под денешното име за првпат се споменува во 1247 година во средновековна Унгарија. Развојот на градот бил интензивен за време на 15 век, но неговото развивање било попречено од отоманските освојувања во Панонската низина во втората половина на 16 век, кога местото било на граница, која била нестабилна и на неа имало чести напади и ограбувања.
Со преземањето на власта од страна на Хабсбурговците во XVIII век Залаегерсег повторно почнал да се развива и станала културно и управно средиште во оваа област.
За време на Унгарската револуција 1848/1849, како град кој бил блиску до австрискиот дел на Австроунгарија, немал голема улога во револуцијата, па поради тоа и воопшто не настрадал. После револуцијата градот брзо се подигнал и набргу после тоа добил и железничка врска со Будимпешта. Исто така во овој период се подигнати и многу нови градби, а во градот се зголемил и бројот на населението.
После Првата светска војна, градот се нашол во рамките на новооснованата унгарска држава. За време на другата половина на 20 век, градот уште повеќе се развил и се зголемил бројот на населението. За време на изминативе години на унгарската транзиција, поради поволната положба помеѓу престолнината и европскиот запад, градот полесно поминал низ транзиционата криза отколку некои други градови во државата.
Во 2001 Залаегерсег имал население од 61.654 луѓе и тоа: 95.5% Унгарци, 1% Роми, 0.4% Германци и други. Од религиите најзастапени се: 71,1% римокатолицизам, 3,8% калвинизам, 1,6% лутеранство, 11,6% атеизам.
46°50′21″N 16°51′4″EНа функцијата {{#coordinates:}} ѝ се дадени неважечки аргументи
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.