море From Wikipedia, the free encyclopedia
Жолто Море (кинески: 黄海, пинјин: huáng hǎi; корејски: 황해, тр. хвангхе) — плитко море со рамно дно и претставува делумно затворен ракав на Тихот Океан. Најголемиот дел се наоѓа југозапад од јужниот дел на Корејскиот Полуостров. Понатаму на север има две продолженија на морето: Корејскиот Залив на североисток и Бохајскиот Залив, на северозапад, во кое се влева Жолтата Река. Жолтото Море името го добило по бојата на водата која е полна со тиња од Жолтата Река, Јангцекјанг и другите големи реки. Дното на Жолтото Море во поголемиот дел е континентален подводен гребен кој пред 10.000 години бил суво копно или широка утока на Жолтата Река. Во близина на брегот на Кина има многу песочни плитки делови, а недалеку од брегот на Кореја има неколку мали острови. Топлата струја доаѓа од југоисток до средината на Жолтото Море, а по должината на брегот, струите течат кон југ. Приливот во ова море е многу силен, особено оп должината на западниот брег на Корејскиот Полуостров, а најголемата амплитуда на приливот е 8 м. Површинската температура на морето има големи колебања, од близу температурата на мрзнење на север за време на зимата сè до 28 степени во плитките делови за време на летото. Жолтото Море е многу богато со риби кои живеат на дното, а ги ловат рибарските бродови од Кина, Јапонија, Северна и Јужна Кореја.
Жолто Море | |
---|---|
Жолтото Море на карта | |
Координати | 35°0′N 123°0′E |
Речни извори | Жолта Река, Хај, Јалу, Тедонг, Хан |
Сливни земји | Кина Северна Кореја Јужна Кореја |
Површина | км2 | 380.000
Прос. длабочина | прос. 44 м |
Најг. длабочина | најг. 152 м |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.