политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Живко Брајковски (5 септември 1917 во Беличица, Маврово — 20 август 1963 во Тетово)[1][2] — македонски првоборец, учесник во НОВ, политичар и општественик.[3]
Живко Брајковски | |
---|---|
Живко Брајковски | |
Роден/а | 5 септември 1917 Беличица |
Починат/а | 20 август 1963 45) Тетово, СР Македонија, СФРЈ | (возр.
Занимање | првоборец во НОВ, политичар и општественик |
Како припадник на НОД од 1941 година, бил член на КПЈ (од 1942 година), борец на Мавровскиот НОПО од 1943 година и член на реонскиот комитет на КПЈ во Маврово, а од септември секретар на околискиот комитет на КПМ за Мавровско (1943-1945).[3] Исто така бил ѝ делегат на АСНОМ.[1][2] По ослободувањето бил секретар на комитетот на КПМ за установите при владата на НРМ, инструктор на ЦК на КПМ, секретар на обласниот комитет на КПМ за Скопје и член на ЦК на КПМ (1948),[3] пратеник во Собранието на НР Македонија и во Сојузното собрание на ФНРЈ.[1][2]
Неговиот живот ненадејно згаснал на 20 август 1963 година непосредно по големиот земјотрес во Скопје. По земјотресот бил целосно ангажиран за обновување и изградба на ранетото Скопје.[4]
Неговиот живот бил исполнет со низа активности со крупни и примерни залагања на општественик и раководител. За неговата неуморна работа е одликуван со повеќе вредни одликувања, меѓу кои:
Во негова чест во скопската населба Бутел е именувано основно училиште,[3] додека во градот Гостивар една улица го носи неговото име.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.