Етра (митологија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Етра (митологија)

Етра, (грчки: Aither, латински: Aether) е име на неколку женски ликови од старогрчката митологија.

Thumb
Етра и Тезеј
Унгарски Музеј, Будимпешта

Етра на мајката на Тезеја

Thumb
Етра и Демефонт
Минхен, Германија

Етра била ќерка на Питеј од Трезен, а заедно со атинскиот крал Егеј — или во некои верзии со Посејдон — мајка на Тезеј.

Егеј отишол во Трезен, (град југозападно од Атина) каде ја запозанал Етра. Откако спиела со Егеј таа отпловила на островот Сферија каде забременила со Посејдон. Кога дознал дека Етра е трудна, Егеј се вратил во Атина.

Пред заминувањето ги сокрил под еден камен своите сандали, штит и меч и и рекол дека ќе и го признае синот ако се појави во Атина со сокриено оружје. Етра го родила Тезеј, кој го померил каменот и го земал татковото оружје, така што Егеј го признал за син.

Подоцна Тезеј ја грабнал Елена и ја дал на чување на Етра. Браќата на Елена - Диоскури - ја ослободиле Елена, а во знак на одмазда ја одвеле Етра со Елена во Троја.

Етра ја пронашол внукот Акамас за време на падот на градот Троја.

Етра Океанида

Етра е име на една од Океанидите, 3000 ќерки на Океан и Тетија. Оваа Етра понекогаш ја нарекуваат и жена на Атлас, мајка на Плејадите - иако, многу извори наведуваат дека Плејади се потомци на Плеиона.[1]

Етра жена на Хиперион

Личноста наречена Етра - можеби Океанида - според еден извор, била сопруга на Хиперион, и мајка на Хелиос, Еос и Селена.[2]

Етра жена на Палант

Уште една Етра била сопруга на Спартанецот Палант. Го исполнила пророштвото со солзи дадено на мажот, после што тој го освоил Таранто.[3]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.